Црна хроника
Кривична пријава против ексдиректорот на ЈП „Жабени”, и уште едно физичко и едно правно лице
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.И. на возраст од 39 години и 59-годишниот Д.Ш., двајцата од Битола, и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 1 јануари 2015 година до 31 март годинава, како што инфомираат од полицијата, првопријавениот, како директор на ЈП „Жабени”, и второпријавениот, како раководител на инфраструктура во ЈП „Жабени”, преку третопријавеното правно лице, како овластено сметководствено биро на ЈП „Жабени”, за сопствени плати исплаќале износи повисоки од износите во договорот за вработување на истите, со што се стекнале со противправна имотна корист од 421.077 денари на штета на буџетот на јавното претпријатие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

