Македонија
Првороденото бебе во Битола во 2019 е машко

Првороденото бебе во Битола во 2019 година е машко. Во Клиничката болница во Битола, во 00.40 часот, мајката Александра Максимовска од Велес, со спонтано породување на свет го донесе својот втор син, кој тежи 3.250 грама.
Во текот на претпладневните часови во битолската болница на свет дојдоа уште две машки деца. Второто бебе родено во битолската болница е од Кичево, кое мајката го донесе на свет со царски рез во 10.05 часот, а третото бебе е од Битола, исто така, породено со царски рез, во 11.10 часот.
„Вкупно имаме три живородени машки дечиња, значи ќе имаме јака година и се надевам многу успешна. Им порачувам на младите оваа година да им биде година во која ќе створат семејство и ќе го прошират истото, со донесување на свет на здрави новороденчиња“, рече раководителката на гинеколошкото одделение, д-р Елизабета Чипуровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.