Контакт

Македонија

(Видео) Мирна новогодишна ноќ во Македонија

Објавено пред

Новогодишната прослава во Македонија помина мирно, без поголеми инциденти, оцени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој утрово ја посети полициската станица на граничниот премин Богородица.

dobivaj vesti na viber

„Состојбата во текот на новогодишната прослава може да се окарактеризира како мирна и стабилна од аспект на безбедноста, така што генерално министерството за внатрешни работи може да биде задоволно од она што е сработено во текот на ноќта, но и претходно во деновите пред празниците, особено во делот на превенцијата“, рече тој.

Министерот Спасовски во свое име и во име на раководството на министерството им ја честита новата 2019 година на сите вработени во МВР, но и на сите граѓани со желба и надеж дека годинава пред нас ќе ни биде далеку поуспешна на сите полиња, приватно и професионално.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски-Агелер: разговарано за реформските процеси и стратешките приоритети

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на владата и Министерството за транспорт.

Николоски ја истакна огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изрази уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

На средбата Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Александар Јанев е нов директор на Бирото за јавна безбедност: Ред, закон, интегритет и безбедност без компромис

Објавено пред

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на м-р Сашо Тасевски.

dobivaj vesti na viber

На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани.

„Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност на информациите. Непоколеблива борба против корупцијата, со транспарентност и отчетност, со што ќе ја подигнеме довербата на граѓаните во полицијата“,потенцира директорот Јанев.

Директорот Јанев нагласи дека мотото под кое ќе работи ќе биде: Ред, закон, интегритет.

Прикажи повеќе...

Скопје

Кисела Вода поставува надворешни пречистувачи за воздух во парковите

Објавено пред

Кисела Вода е првата општина која поставува надворешни пречистувачи за воздух! Во рамки на роденденското празнување во кое покрај останатите случувања се промовираат и капитални проекти кои се од големо знаење за граѓаните, се реализира ова иновативно еколошко решение. Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на родендеската седмица на општина Кисела Вода, денес повторно излегуваме со многу значаен проект, прв во Македонија. Се работи за 5 најсовремени Filter Cube III 5 уреди за надворешна употреба кои се со ненадминливи перформанси досега. Со максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.

Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот.

Претходно, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници, што го направи ова училиште првото на Балканот кое има заштита од вируси од ваков тип.

Оваа е вредна донација од општествено одговорната компанија ЕКОТИП, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија.

Сакам искрено и од срце да им се заблагодарам.

Се надевам, дека ова повторно ќе биде пример за другите општини и градот Скопје, сѐ со цел да се подобри животната средина, чистиот воздух и здравјето на идните генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија2 часа

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија3 часа

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија4 часа

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...

Македонија5 часа

Бујар Османи му ја предаде функцијата на Муцунски – евроинтеграциите, партнерството со САД и инвестициите ќе бидат во фокус

Во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски...

Топ6 часа

Болјер усмрти тинејџер, загина 14-годишно дете во Маврови Анови

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. „На 27.06.2024 во 18.00 часот во...

Македонија6 часа

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Градинка во Крива Паланка беше поплавена при временските непогоди во последните две деноноќија. Како што соопшти Центарот за управување со...

Свет8 часа

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп – најстарите кандидати во историјата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa. Двајцата кандидати разменија...

Македонија9 часа

За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот...

Македонија9 часа

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје, проблеми со струја. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта,...

Свет9 часа

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина;  Бајден: Би го пуштил Путин да стигне во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп го споменаа рускиот претседател Владимир Путин десетина пати во првата...

Македонија1 ден

Филков во посета на КПУ Идризово: Состојбата во затворите е алармантна

Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта...

Македонија1 ден

Јотова со порака: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

Бугарија не го оспорува суверенитетот и јазикот на современите држави, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Јотова како што пренесуваат бугарските...

Топ1 ден

МВР со детали за тепачката во „Идризово“: Тројца осуденици повредени, двајца од остар предмет

Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно...

Македонија1 ден

Рустеми: Тврдењата на Николоски се неточни и се со впечатлива политичка позадина, стоиме на располагање за сите видови проверки

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми ги оценува како „неточни и неосновани“ вчерашните тврдења на министерот за транспорт и врски, Александар...

Македонија1 ден

Вода протече во хируршките сали во ГОБ 8 Септември, проблемот е надминат

Вода протекла во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември, во екот на вчерашното невреме. Во меѓувреме...

Македонија1 ден

Од 1 јули поскапа струја за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека цената на струјата кај домаќинствата, од 1 јули ќе...

Македонија1 ден

Фетаи: ДУИ донесе само лоши работи, се барало мито за добивање дозволи за фирми, при инспекции и тендерски постапки

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која...

Македонија1 ден

Здравковски: СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги што не ги изградиле

СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле,...

Македонија1 ден

Левица поднесе кривична пријава против Африм Гаши поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери

Пратениците на Левица поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши, заради основано сомневање...