Црна хроника
Припадник на обезбедување во скопски ресторан им се заканувал на гости со пиштол

Вчера во раните утрински часови во угостителски објект во Скопје дошло до расправија помеѓу неколку лица, а во еден момент лице кое било вработено како обезбедување на рестораното извадило пиштол и упатувал навреди кон гостите со кои претходно имале вербална расправија, соопштија од полицијата.
Како што информираат од МВР на 01 јануари во 07 часот и 30 минути во СВР-Скопје 19-годишно момче од Скопје пријавило дека истиот ден околу три часот додека се наоѓал во угостителски објект на плоштад Македонија заедно со негови другари во еден момент дошло до недоразбирање со менаџерот на угостителскиот објект околу подмирување на сметката.
Надвор од објектот настанала расправија и во еден момент 50- годишниот скопјанец Д.А., лице од обезбедувањето, извадил пиштол и им упатувал навреди, додаваат од МВР.
По целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Насилство во ходник на Центарот за социјални грижи во Пехчево: ја турнал во прозорецот и таа паднала во дворот на објектот

Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.
„Според пријавеното, (В.Т.) ја турнал (В.П.Н.) во прозорецот, при што (В.П.Н.) паднала во дворот на објектот. На (В.П.Н.) и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а (В.Т.) е приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.