Македонија
Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Министерот за финансии, Драган Тевдовски оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот во износ од 293 милиони денари.
На работната средба се дискутираше за постигнатите резултати на Управата за финансиска полиција во 2018 година и планираните активности во 2019 година.
„Значајно е подобрена борбата против финансискиот криминал“, оцени Тевдовски.
Минатата година направени се неколку клучни реформи и активности во Управата, меѓу кои и измени на Законот за финансиска полиција. Управата од 2018 година зема учество во Платформата за меѓусебно поврзување и користење на базите на податоци помеѓу државните институции. На предлог на Управата прифатено е и ново кривично дело во Кривичниот законик на Република Македонија – даночна измама. Воедно, Управата зема активно учество во Стратегијата за борба против тероризмот, Стратегијата за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РМ како и во Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Се’ поизвесно е дека Амар Мециновиќ влегува во втор круг за градоначалник на Скопје

Се’ поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг, објави Левица на прес-конференција.
Од партијата истакнаа дека се исклучително задоволни од резултатите кои ги постигнуваат.
„Имаме информации дека во Кисела Вода, Аеродром и Карпош имаме водство пред СДСМ. Во Велес имаме повеќе од СДСМ за советничката листа. Позитивни резултати имаме и во Гостивар, во Кавадарци се зголемуваат советничките места“, беше објавено.
Според ажурирањата на веб страницата на Државната изборна коммисија (ДИК), во водство за градоначалник на Скопје убедливо е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со 43,45 отсто од пребројаните гласови. Зад него е Амар Мециновиќ со 12,76 отсто. Башким Бакиу од „Вреди“ засега има 11,90 отсто од гласовите, Каја Шукова од СДСМ – 11,29 отсто, а Скендер Реџепти од ДУИ – 10,57 отсто од пребројаните гласови.
Македонија
Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија.
Иако засега се обработени мал број од гласовите, мапата е обоена во портокалова боја.
ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа во Штип, Охрид, Кисела Вода, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Бутел, Аеродром, Велес и други општини. Партијата очекува повеќе градоначалници од претходните локални избори во 2021 година.
Според информациите на ДИК, во Куманово во водство е кандидатот од ЗНАМ, Максим Димитриевски, а СДСМ засега води во Центар, Крива Паланка и уште неколку општини.
ЛИНК до обработените гласови.
Македонија
Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.
„Разликата е некаде три спрема еден а има општини каде што е десет спрема еден а во некои општини СДСМ е трета партија“, додаде тој.
Истакна дека се избрани градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, во Сопиште, Штип, Велес, Бутел Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места.
„Гласовите се пребројуваат а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо за Скопје. Во однос на споменатите нерегуларности од страна на СДСМ, разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со која сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл. Изворот и причините за својот дебакл треба да си го бараат во сопствените редови“.
Што се однесува до ДУИ, Мисајловски додава дека оваа партија очигледно е декласирана.
„Али ќе има време да си го анализира својот пораз“.
Победата оценува тој е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги води неговата партија.