Македонија
Боки 13: Изненаден сум од неблагодарноста на Дејан

Костовски во изјава вели дека куќата е иста како пред две години и само е направен покривот.
„Тој признава дека е точно дека Јовановски му ја плаќал киријата цела година, но случајно ‘заборава’ да каже дека не само што му е помогнато при вработување, неколкукратно му е дадена парична помош, туку и не исполнил ништо од ветеното што го презел самиот како обврска. Имено, во договор со директорот на ЕВН, Костовски, требаше да појде во нивната служба да склучи договор за плаќање на рати на долгот за неплатени сметки од електрична енергија. Од нему непознати причини, Костовски и по неколку укажувања и потсетувања од нашата страна, никогаш не отиде да го направи тоа. Потенцираме, дека материјалот беше однесен во куќата, но мајсторите не можеа да работат бидејќи немаа електрична енергија. Сепак, одлучивме материјалот да остане во куќата и Костовски самиот да одлучи што ќе прави со него“, се наведува во демантот на Боки 13.
Во соопштението се додава дека тој е изненаден од ваквиот неблагодарен однос кон покажаната грижа и желба да му се помогне, особено што Костовски не е сам и има и сестри, се вели во демантот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.
Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.