Македонија
За Бадник посебен режим на движење околу Соборен храм

Утре со почеток во 11.00 часот во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“ ќе се одржи манифестација во склоп на Бадникови поворки. Манифестацијата ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11.45 часот до 12.30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до соборен храм „Св. Климент Охридски“. Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода“, лево по бул.„Гоце Делчев“, право по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“ до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.
Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу Соборниот храм. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој, испратија пораки до јавноста.
„Денес, по повод Меѓународниот ден на семејството, заедно со амбасадорот на Турција, ги реафирмираме нашите долгогодишни пријателски односи и нашата заедничка посветеност кон унапредување на семејството како основна вредност и столб на општеството.
Семејството претставува извор на стабилност, љубов и солидарност, и затоа нашата соработка се фокусира на креирање политики што ќе го поддржат неговото јакнење – преку социјални услуги, поддршка за младите генерации и развој на инклузивни и одржливи мерки.
Како институција, нашата основна задача е да обезбедиме поддршка за сите форми на семејства и да ги задоволиме нивните различни потреби“.
Во таа насока, нагласи Лимани, министерството активно спроведува низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата.
Меѓу нив како што истакна се: Имплементација на Европската детска гаранција, со акцент на еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца. Промоција на позитивно родителство, преку обуки, ресурси и поддршка за родителите. Развој на систем за рана интервенција, насочен кон навремено препознавање и поддршка на деца со потешкотии во развојот. Изработка на Национален акциски план за правата на децата (2025–2029), како стратешки документ за унапредување на детските права. Законски измени за зајакнување на заштитата на децата, вклучувајќи формирање на специјализирано тело за следење на нивните права. Унапредување на системот за згрижување, со отворање на нови центри за поддршка на згрижувачките семејства. Изработка на нов Граѓански законик, со што ќе се унапредат семејноправните односи и ќе се приближиме до европските правни стандарди.
Веруваме, додаде Лимани дека преку стратешка соработка, размена на знаења и заедничка посветеност, можеме да создадеме инклузивна, праведна и одржлива заедница за сите.
Македонија
Тошковски во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави.
Тошковски во своето обраќање на самитот даде осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот, мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност.
Тошковски зборуваше за нашите искуства со управувањето со мигрантската криза, справувањето со трговијата со дрога и организираниот криминал, како и за нашата оперативна соработка со НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери.
„Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани“, потенцираше Тошковски.
На маргините на самитот оствари значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодари за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум.
„Договоривме интензивирање на соработката на техничко ниво помеѓу двете институции, со акцент на размена на знаење и искуства, особено во делот на дигиталната трансформација и имплементацијата на алатки базирани на вештачка интелигенција во полициското работење.“, нагласи министерот Тошковски.
Учеството на Светскиот полициски самит не е само симболично, тоа е реална можност за вмрежување со колеги од цел свет, за споделување добри практики и креирање партнерства кои водат до поефикасни, побрзи и покоординирани одговори на современите безбедносни предизвици.
Македонија
За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија.
Оценето е дека мерките и активностите кои ги преземаат надлежните иако придонесуваат за подобрување на безбедноста, сепак, не се ефикасни за намалување на бројот на жртвите до посакуваната состојба на национално и на европско ниво.
Исто така, во извештајот се наведува дека иако Собранието има обврска, на предлог на Владата, да донесе стратегија за развој и одржување на патиштата, од пропишувањето на оваа законска обврска во 2008 година, досега не е донесена.
Податоците од софтверската апликација на МВР за спроведени контроли од страна на полициските службеници упатуваат дека во периодот 2019-2023 година во просек контролирани се околу 730.000 возачи годишно што претставува значителен број на контроли.
Притоа, најчест сообраќаен прекршок е брзо возење и поминување на затворен сигнал, додека најмногу возачи се исклучени поради управување на возило без возачка дозвола, како и поради возење под дејство на алкохол.
Извештајот покажува дека за период 2020-2023 година, сообраќајните незгоди кои предизвикале последици се случиле дење (59%), при добри атмосферски услови/сончево време (45%), на улици во населени места (63%) и на сува површина на патот (79%), што, според ревизротие, укажува на тоа дека условите на патот не се главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди.