Свет
(Вознемирувачко видео) Тројца загинати во пукање во куглана во Калифорнија
Најмалку три лица загинаа, а четворица се ранети во пукање во куглана во околината на Лос Анџелес, соопшти полицијата на американската држава Калифорнија.
Multiple people dead, others injured after shots fired in Torrance bowling alley in #California.
pic.twitter.com/qoYy0BdNjN— World News (@worldnewsevery) January 5, 2019
Инцидентот се случил во кугланата Гејбл хаус во Торанс, крајбрежен град на околу 30 километри југоисточно од Лос Анџелес. Очевидци тврдат дека на пукањето му претходела голема тепачка.
— Ruben Vives (@LATvives) January 5, 2019
Властите апелираа до населението да не се доближуваат до местото на инцидентот.
'Multiple victims' as gunman opens fire at California gaming centre https://t.co/yegZ33lxXA pic.twitter.com/3zLp5Lhoi0
— Siglov Freudivan (@DerangedRadio) January 5, 2019
„Примивме дојава за пукање во куглана, полицијата е на терен, во тек е истрага. Има повеќе жртви. Не приоѓајте кон оваа област“, предупреди полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

