Македонија
Православните христијански верници денеска го слават Бадник
Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Манифестацијата ќе почне со бадниковата химна и со кревање на бадниковото знаме.
Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.
Присутните граѓани ќе ги пречекаат стариот кум Влатко Огненовски со преодниот пехар, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, новиот кум Љупче Николовски со погачата со златна паричка и здравичарот Миливое Алексиевски. Потоа тие ќе се упатат во Соборниот храм каде ќе се одржи свечен чин на осветување и кршење на погачата од страна на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе одржи традиционална беседа, по што сите заедно ќе дојдат на бината каде ќе продолжи свеченоста.
Здравичарот ќе ја каже здравицата во име на Одборот за прослава, на присутните ќе им се обратат кумот, како и скопскиот градоначалник, кој потоа ќе му го врачи ќупот на новиот кум. Кумот и здравичарот ќе си заминат со пајтон.Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија ќе бидат организирани и детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите.
Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси, информираат од таму.
Потенцираат дека согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.
„ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба:
– 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и
– 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,
за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.
ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“.


(Табели со лица кои немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси)
Македонија
(Видео) Петрушевски: Каде завршиле 2 милиона евра од „Лотарија“, пари на граѓаните украдени од СДС и ДУИ
ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„2 милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале.
Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија?
Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата“.
Затоа, како што нагласува Петрушевски, одговорност мора да има, а сега, како што вели, го нема Коцевски да ги штити.
Македонија
(Видео) Костовски: Дали Митевски чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“
И покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за општа опасност, „Зимзоленд“ во Општина Аеродром и понатаму работи, реагираат од Левицата.
„Наместо итна реакција, градоначалникот се крие зад процедури и рокови и ја префрла одговорноста. Во меѓувреме, безбедноста на граѓаните, а пред сè на децата, е занемарена“, иостакна Горан Костовски, советник од Левица на прес конференција.
Според него законот е јасен: кога постои опасност, објектот мора веднаш да се затвори. „Но очигледно, како што вели, за градоначалникот Митески ова не важи.
„И покрај констатираните пропусти од повеќе инспекции, Градот Скопје и јавните предупредувања, досега нема ниту една конкретна мерка за затворање или отстранување на опасните реквизити“, рече тој.
Советниците од Левица јавно побараа општината да делува, но како што велат добиле само празни уверувања дека „процедурата е во тек“.
„Прашањето е едноставно: дали институциите ќе реагираат навреме или повторно ќе чекаат трагедија за да преземат одговорност?“, истакнува Костовски.

