Вести
АП: Големи снежни врнежи на Балканот, воведена вонредна состојба
Американската агенција АП известува за обилните снежни врнежи кои го погодија речиси целиот Балкан. Во својот напис пишуваат и за смртта на двајцата сноубордисти во Бугарија и хаос во сообраќајот.
АП пишува и дека во некои општини во Србија е воведена вонредна состојба. Агенцијата објави дека во неколку општини во југозападниот дел на Србија е воведена вонредна состојба, со предупредување за опасноста од одрони на снег на патиштата и непроодност во некои планински села поради снегот.
АП пишува дека дел од училиштата во овие делови на Србија биле затворени и дека десетина лица биле спасени од нивните домови по отежнати услови, поради силни ветришта.
Црвениот крст на Бугарија објави дека телата на сноубордистите вчера биле пронајдени околу пладне на планината Пирин и дека тие починале како резултат на лавината која ги потрупала и покрај предупредувањата за опасност.
Албанското Министерство за енергетика објави дека еден електричар починал поради електричен шок за време на поправката на линија за снбдување со електрична енергија. Во Албанија, според агенцијата, околу 2.000 војници и други служби за итни случаи, работат на спасување на заробени граѓани и да ги расчистување на патиштата за да обезбедат пристап до руралните области.
Во Црна Гора, пак, првите 10 дена од јануари биле најстудените 10 дена кои со децении не биле регистрирани во земјата.
Агенцијата, исто така, забележува дека во Европа биле регистирирани најмалку 20 смртни случаи поради студеното време и снегот. Во Германија, возач на камион за чистење на снег почина. Во Австрија, пак, воени хеликоптери спасија група од 66 германски тинејџери кои неколку дена беа заробени во планинска куќа во земјата.
Швајцарската полиција соопшти дека три лица беа повредени во источниот дел од земја во лавина која погоди хотел во таа област, објави американската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.