Македонија
Рама: Наскоро ќе ја отвориме границата со Македонија по принципот на Шенген
На пролет ја отвораме границата со Косово според режимот на Шенген зоната, а наскоро истото ќе се случи и со Македонија и Црна Гора. Ова го изјави албанскиот премиер, Еди Рама, на состанок со амбасадорите во земјата, пренесе „Коха диторе“.
„Тоа што ќе го направиме е многу едноставно. Го зедовме принципот на Шенген, го преведовме од почеток до крај, започнавме многу детален технички процес помеѓу албанското МВР и Косово за да ја гарантираме слободата на движење што денес е апсурдна, не доведувајќи во прашање ниту еден стандард на гаранциите што ги даваме како земја која е дел од визната либерализација“, изјави Рама.
Рама на состанок со амбасадорите во земјата најави дека Шенген системот набрзо ќе се воспостави и со Македонија, а изрази надеж дека во блиска иднина тоа ќе се случи и со Црна Гора.
На новогодишниот прием организиран од Рама, присуствуваа и амбасадорите на Русија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

