Забава
Фановите ја пофалија Кејт Хадсон за фотографијата на која ја дои ќерката

Корисниците на социјалните мрежи и фановите на американската актерка Кејт Хадсон (39) ја пофалија бидејќи таа сподели фотографија на која ја дои тримесечна ќерка за време на пауза од снимањето.
„Иако мора да работите, децата мора да јадат“, напиша таа покрај фотографијата што ја сними Нино Муноз.
Нејзините фанови ја пофалија и изразија восхит што го промовира доењето. И покрај фактот дека сликата е совршена бидејќи Хадсон е филмска ѕвезда, многу мајки знаат колку е тешко да се балансира меѓу работата и мајчинските должности.
„Секогаш ја дојам ќерката и се обидувам да балансирам помеѓу работата и доењето, што им е проблем на многу мајки“, рече актерката во емисијата „Тудеј шоу“.
Хадсон има уште два сина, петнаесетгодишниот Рајдер од бракот со музичарот Крис Робинсон (52) и седумгодишниот Бингам со музичарот Метју Белами (40). Таа откри дека со сегашниот партнер Дени Фуџикава би можела да има уште деца.
„Отсекогаш мислев дека ќе имам шест деца. По Рајдер и Бингам, мислев… нема да имам повеќе деца, а потоа го запознав Дани и – ете, девојче. Но, мислам дека мора да му родам син“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез го промени изгледот за улога: „Изгледа неверојатно со руса коса“

Џенифер Лопез глуми во претстојниот мјузикл „Бакнежот на жената-пајак“.
Пејачката и актерка објави трејлер за мјузиклот, а во некои сцени изгледа речиси непрепознатливо. За филмот делумно ја заменила кафеавата коса со руса.
„Изгледа неверојатно со руса перика“, „Џеј Ло ги напаѓа Оскарите“, „Конечно ќе добие номинација за Оскар“, „Ова изгледа неверојатно“, „Едвај чекам да го видам филмот, Џеј Ло изгледа и звучи неверојатно“, се некои од коментарите под трејлерот.