Контакт

Вести

По три месеци од несреќата, пронајдена втората црна кутија од авионот на „Лајон ер“

Објавено пред

Три месеци по несреќата е пронајдена втората црна кутија од авионот на „Лајон ер“ што во октомври минатата година се урна на брегот во Џакарта, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата загинаа сите 189 патници и членови на екипажот. Авионот се урна во морето набргу по полетувањето кон Пангкал Пинанг. Набргу по полетувањето, пилотот ја прашал контролата за летање за дозвола да се врати назад кон аеродромот, но тогаш бил изгубен контактот. Според првичните резултати од истрагата, авионот имал технички проблеми.

Авионот, нов „боинг 737 макс“, се распарчил на парчиња кога удрил во морето со голема брзина.

Портокаловата кутија, која ги снима разговорите, била пронајдена на длабочина од 8 метри и на 50 метри од местото каде што во ноември лани беше пронајдена првата црна кутија што ги запишува податоците.

Портокаловата кутија била скршена на два дела. „Да се надеваме дека ќе биде од корист“, изјавил Харјо Сатмико, шеф на Комитетот за безбедност на сообраќајот на Индонезија.

Некои од семејствата на жртвите ја тужат компанијата „Боинг“ за несреќата.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија2 часа

(Видео) „Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити“, вели Кузеска

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата...

Македонија2 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет4 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија5 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија6 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија6 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија6 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија6 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија19 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет19 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет22 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија23 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет24 часа

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет24 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија1 ден

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија1 ден

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија1 ден

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија1 ден

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...