Контакт

Регион

Хрватската влада ја поништи одлуката за набавка на воени авиони

Објавено пред

Хрватската влада денеска ја поништи одлуката за купување воени авиони од Израел.

dobivaj vesti na viber

Единствената точка на дневен ред на денешната седница беше откажување на одлуката за купување повеќенаменски борбени авиони, пренесува загрепски „Индекс“.

Премиерот Андреј Пленковиќ најави детаљна анализа на овој случај врз основа на која, како што рече, ќе се направат понатамошни процени и одлуки за тоа како да се дефинира новиот тендер.

Хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ, рече дека тендерот за набавка на авионите бил транспарентен, дека од страна на Хрватска сè било правилно направено и дека нема материјална штета за државата бидејќи не биле преземени никакви финансиски обврски.

„Министерството за одбрана ќе ѝ предложи на Владата донесување соодветни одлуки. Договорот меѓу Хрватска и Израел не е потпишан и нема финансиски штети за Хрватска“, рече тој.

Регион

Утре ќе биде погребан убиецот од Тузла: ги уби сопругата и двете деца, а потоа скокна од зграда

Објавено пред

Погребот на Мујага Чичкошиќ, кој пред неколку дена во тузланската населба Ступине ги уби сопругата и двете деца со секира, а потоа се самоуби скокајќи од зграда, ќе се одржи утре, 23 мај.

dobivaj vesti na viber

Погребот ќе се изврши во 16 часот пред џамијата во Шевар, а погребот ќе биде на гробиштата во Шевар.

Чичкошиќ делото го извршил со секира, убиството детаљно го испланирал, секирата ја купил на пазар, а во креветче убил двегодишно дете.

Убил уште едно деветгодишно дете во аголот на станот. Мајката Амела се обидела да спречи сè, но не успеала.

Прикажи повеќе...

Регион

Пијан маж прегази жена на тротоар во Ниш: професионален возач осуден на седум години затвор

Објавено пред

Ивица Миловановиќ (61) од Ниш денеска е осуден на седум години затвор за тешко кривично дело против јавниот сообраќај, што доведе до смрт на Златица Стојковиќ (66).

dobivaj vesti na viber

Според обвинението, Миловановиќ на 11 ноември минатата година во алкохолизирана состојба со возило „фиат добло“ на пешачкиот премин на улицата Књажевачка ја удрил Златица, при што ја повредил, од што починала на самото место.

Обвинителството побара девет години затвор за обвинетиот со оглед на отежнатата околност што тој како професионален возач бил пијан зад воланот. Исто така, забрана за управување со возило во период од три години.

Претставниците на семејството на починатата бараа 12 години затвор. Станува збор за првостепена пресуда против која право на жалба имаат и одбраната и Вишото јавно обвинителство.

Прикажи повеќе...

Регион

Милорад Додик: БиХ го достигна својот крај

Објавено пред

Босна и Херцеговина го достигна својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние што ѝ се заколнаа, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

dobivaj vesti na viber

„Останува само сите да се потрудиме да бидеме добри соседи и да се разделиме во мир“, рече Додик.

Додик за РТС изјави дека ниту една акција на РС нема да биде насочена кон дестабилизација и насилство, но и дека усвојувањето на резолуцијата ќе биде симболичен крај на мултиетничката Босна и Херцеговина.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во случај на усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации првиот чекор на Бања Лука ќе биде владина седница во Сребреница, од каде што ќе соопшти дека резолуцијата е неприфатлива, неприменлива и ништовна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија54 минути

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет3 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија4 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија4 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија6 часа

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија6 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа7 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија7 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет7 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет8 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет8 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет8 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија20 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија23 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија23 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија24 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија1 ден

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија1 ден

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ1 ден

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...