Црна хроника
Кеса со марихуана пронајдена во „бмв“ на патот Куманово-Речица
На локалниот пат од Куманово кон селото Речица во попладневните часови на 13 јануари полицајци извршиле контрола на автомобил „бмв“.
Како што информираат од МВР, возилото било во сопственост на 61-годишен скопјанец, но возач бил 23-годишник од Куманово, а сопатник му бил 25-годишен сограѓанин. Во возилото била пронајдена и одземена кеса со марихуана по што лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Експлозија пред куќа во Прилеп
Вчера во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лице како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп, информира МВР.
Нема повредени лица.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Предлог за продолжување на притворот за мажот од Штип кој по расправија си ја уби девојката
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Уапсен 28-годишник од Косово, се обидел да поткупи граничар со 5 евра
Вчера во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.
Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.