Економија
Постојани шанси за вработување во македонските компании кои се дел од Групацијата Балфин
Една од најголемите приватни инвестициски групации во Југоисточна Европа, „Балфин“, во моментот во Македонија е присутна со две големи компании – „Нептун“ и „Ист гејт“. Станува збор за две претпријатија од различен калибар – „Нептун“, кој работи во сферата на продажба на бела техника и електроника, и „Ист гејт“, во полето на градежништвото, односно на изградбата на мултифунционалниот комплекс во Скопје, кој ќе го носи истото име. Но, овие две компании како дел од големото семејство „Балфин“, кое брои повеќе од 5.000 вработени во девет земји, делат иста филозофија во однос на третманот, шансите за раст и вложувањето во вработените, информираат од „Нептун“.
„Нептун“ во моментот има 417 вработени, а генералниот директор, Горан Цветинов, посочува дека бројот расте со динамика од 10 отсто годишно како резултат на отворањето нови продажни салони, зголемување на обемот на работа и воведувањето нови услуги.
„Секоја година планираме и инвестираме во обука и развој на вработените. На годишно ниво се определува план за обуки и програма за развој во согласност со потребите на компанијата, промените во околината и новитетите во работењето. Плановите и програмите за развој се однесуваат на новите и на постојните вработени и се приспособени на хиерархиските нивоа, секторот и природата на работата. Компанијата се грижи вработените на сите нивоа да бидат запознаени со новините во соодветната област“, објаснува Цветинов и дополнува дека најдобрите вработени, кои покажуваат извонредни резултати и желба за напредок, се вклучуваат во посебна програма за управување со таленти во организацијата.
Шанси за домашни компании и работници
Ана Костовска, која е менаџер за човечки ресурси во „Нептун“, се вработила во компанијата во 2015 година. Посочува дека менаџментот инвестира во своите вработени со обуки што се важни и директно поврзани со успех во работата.
„Се организираат и обуки што придонесуваат за личен развој на вработените. Дополнително, при отворање слободни позиции предност им се дава на вработените во „Нептун“, што е позитивен индикатор за опциите за унапредување во рамките на компанијата“, вели Костовска.
Администраторот за продажба во „Нептун“, Мирјана Младеновска, е вработена во компанијата од 2005 година и досега имала многу шанси за раст и развој.
„Нептун“ инвестира во своите вработени, но не секој ја користи таа шанса. Напредок има онаму каде што има и обострана соработка и желба за тоа“, додава таа.
Горан Цветинов надополнува дека секоја апликација што доаѓа во „Нептун“, без разлика дали се работи за пријава на оглас или отворена пријава за вработување, внимателно се разгледува.
„Апликантите што ги задоволуваат нашите критериуми се повикуваат на интервју или тестирање за да се оценат во согласност со нашите дефинирани критериуми. Кандидатите што успешно го поминуваат прелиминарното интервју, се земаат предвид за следната слободна позиција“, појаснува Цветинов.
Соработка со образовни институции
„Нептун“ има воспоставено и релација со повеќе образовни институции во Македонија, со цел да се идентификуваат и привлекуваат студенти што би можеле да се вклучат во програмите за развој на вработени.
„На овој начин ќе поттикнеме вработување и развој на апсолвенти или штотуку дипломирани кандидати, а секако останува и можноста за воведување студентска пракса во компанијата“, вели Цветинов и додава дека воедно имаат континуирана соработка со Економскиот факултет при Љубљанскиот универзитет, каде што редовно праќаат вработени на доусовршување во разни области.
Компанијата „Ист гејт“ е релативно нова и брои 15 вработени. Но, како и кај сите компании што се дел од „Балфин“, главен фокус е вложување во општеството во кое функционираат. Поради тоа, во моментот тече постапка за аплицирање на македонски претпријатија кои би биле ангажирани за изградба на мултифункционалниот комплекс со истото име, „Ист гејт“.
„Јавно го промовираме системот за е-набавки на „Ист гејт“. Сите компании имаат можност да се регистрираат во системот за да може да ги следат сите повици и тендери, а нивните пријави и понуди се истовремено достапни до акционерите и одговорните инволвирани во процесот на набавки во компанијата. Ова ќе биде принципот на функционирање и понатаму при изградба на комплексот. Не само поради ефикасноста, туку поради вредностите што ги промовираме како компанија: транспарентност, непристрастност и фер третман на сите подизведувачи при процесот на избор на партнери“, објаснува Игор Давков, извршен директор на „Ист гејт“.
Овие две компании како дел од семејството на „Балфин“ работат според принципите на големата инвестициска групација со седиште во Тирана. Идејата е да се стави акцент на вработените, на нивниот раст и развој знаејќи дека токму луѓето се тие што ја прават една компанија навистина голема и успешна.
„Балфин“ е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, која е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

