Свет
Изминатиот декември најтопол месец во историјата на Австралија

Метеоролошкиот завод на Австралија соопшти дека најтоплиот ден во историјата во оваа земја бил регистриран во текот на изминатиот месец, относно дека декември во 2018 бил најтоплиот месец откако се спроведуваат мерења на температурата на воздухот на овој континент.
Просечната температурата во Австралија забележана на 27 декември достигнала 40,19 степени, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Во градот Марбел Бар минатиот месец беа измерени дури 49,3 Целзиусови степени.
Топлотниот бран, кој почна во декември, а продолжи и во јануари, ги зафати секоја австралиска сојузна држава и територија. На многу локации беше забележана највисока дневна максимална температура за овие два месеца, со тоа што на некои места рекордите за највисоки температури беа надминати и за неколку степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека „дозволил“ почеток на војната во Украина. Во објава на Truth Social, американскиот претседател напиша: „Претседателот Зеленски и Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа дозволувајќи оваа пародија да започне. Имаше толку многу начини да се спречи, дури да започне.“
Трамп, исто така, тврди дека доколку останел во Белата куќа по првиот мандат, војната никогаш немаше да започне. „Ако претседателските избори во 2020 година не беа наместени, а беа, на толку многу начини, таа ужасна војна никогаш немаше да се случи“, рече тој.
Трамп го објави овој последен статус еден ден по рускиот напад со балистички ракети врз украинскиот град Суми.
Регион
(Видео) Минибус со патници падна во Дунав по судир со друг автомобил во Романија

Минибус со патници падна во Дунав откако се судри со друг автомобил на вијадуктот во Иловица во западна Романија, пренесуваат локални медиуми.
„Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да станува збор само за возачот и уште едно лице, но сè уште ја третираме ситуацијата како да има уште луѓе под вода“, објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.
Județul Mehedinți, E 70 – DN 6 (viaductul Bahna și Ilovita), accident rutier, un microbuz a căzut în Dunăre. La acest moment, nu este confirmat dacă vehiculul transporta pasageri.
Mai multe detalii ⤵️https://t.co/4c7QTHfqvo pic.twitter.com/XVGYtOWbSx
— DSU (@DSURomania) April 14, 2025
Патниот сообраќај е целосно блокиран на вијадуктот до крајот на спасувачката операција.
„Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, спасувачките сили пристигнаа таму, но потребен е целосен тим нуркачи“, изјави Арафат за Диги24.
Нуркачи од Крајова и Караш-Северин беа мобилизирани, а хеликоптерот на SMURD беше пренасочен за што поскоро да го транспортира нуркачкиот тим до местото на несреќата.
„Мисијата е многу тешка со оглед на матниот Дунав“, додаде Арафат и процени дека шансите за преживување се многу мали по неколку минути во студената вода.
Регион
Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто што ни е заедничко – тоа е тунелот, кој е веднаш до границата.
Овој тунел е на некој начин „преполовен“ од самата граница на два речиси еднакви дела – половина е на територијата на РСМ, другата половина е на бугарска територија.
Ова го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт, Гроздан Караџов за БТВ.
„Веќе склучивме договор со РСМ дека ќе управуваме заеднички. Договорот е склучен одамна. Новиот договор сега е готов и е испратен до РСМ, но се чека нивното одобрување на текстот. Сепак, овој нов договор чека на одобрување веќе три месеци. Затоа денес ги собравме сите дипломати кои се претставници на земјите од ЕУ и НАТО – бидејќи ова е коридор долж НАТО, почнува од Италија и поминува низ Албанија, Северна Македонија и Бугарија, и стигнува до брегот на Црното МореЕ“, објасни Караџов, пишуваат бугарските медиуми.
„Ако дојдат да го потпишат договорот, или ако ние одиме во РСМ да го потпишеме, ќе има Коридор 8. Денес ги замоливме амбасадорите да извршат притисок и да разјаснат дали РСМ ќе го потпише новиот договор, за да биде јасно дали ќе работиме на Коридор број 8, или само ќе разговараме, додаде бугарскиот вицепремиер.