Регион
Седум смртни случаи и заболени над 8.400 лица од грип во Хрватска

Седум смртни случаи и заболени над 8.400 лица од грип во Хрватска, се податоците што ги сподели првиот човек на Националниот референтен центар за инфуелнцата, хрватскиот доктор Владимир Драженовиќ, во изјава за Хрватската телевизија. Според него, во моментот во Хрватска има пријавени 8.460 заболени од грип и седум пријавени сртни случаи, но процените се дека бројот на заболени е четирипати поголем.
„Вистинските бројки допрва доаѓаат. Се смета дека реалната бројка на заболени е четирипати поголема од пријавената. Ако ги следиме динамиката и докажаните случаи, а сега сме во екот на епидемијата, која ќе потрае 8 недели со многу висок интензитет, може да кажам дека такви бројки не сме имале во изминатите 10 години“, нагласи тој.
Годинава зеде замав вурусот на грипот од тип А, кој е 30 отсто поопасен од минатогодишниот тип. Најголем проблем е што тој последните три години не се појавувал, па повеќето од населението ја изгубило отпорноста на него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.