Свет
Напад во полициската академија во Богота, порасна бројот на жртви

Во нападот со автомобил бомба на полициската академија во Богота загина најмалку 21 лице, а 68 се повредени. Претходниот биланс беше 1о мртви.
„За жал, прелиминарниот биланс е 21 мртво лице вклучувајќи го и напаѓачот, а повредени се 68 лица“, наведе полицијата преку соопштение и додаде дека 58 повредени лица излегле од болница.
Експлозијата се случи на промоцијата на офицери во полициската академија.
Напаѓачот е идентификуван како Алдемар Рохаз Родригез и е по потекло од Колумбија. Тој го извршил нападот со комбе во кое имало 80 килограми експлозив.
Ова е најголем напад од потпишувањето на мировниот договор од 2016 година со герилската организација Револуционерни вооружани сили на Колумбија.
Колумбискиот претседател, Иван Дуке, вчета беше надвор од главниот град, но веднаш се врати во Богота оценувајќи го нападот како терористички чин. Претседателот прогласи тридневна жалост во земјата.
Властите не наведоа дали напаѓачот бил поврзан со илегална вооружена група, која и понатаму дејствува во Колумбија, особено за трговијата со дрога, по потпишувањето на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Постигнат е договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе и се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.
СПД на тој начин треба да ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот Билд, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе им припаднат на демохристијаните, пренесува Дојче Веле.
Претходните денови најголем дел од преговорите беа за мигрантската политика, како и за даночните и пензиските прашања. Изминативе денови дел од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата Фридрих Мерц да не прави премногу отстапки на СПД, што може да ја загрози „промената на политичкиот курс“ најавена во кампањата.
ЦДУ на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите и со тоа стана најсилната политичка сила, но сепак беше принудена да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, стои во написите.
Свет
(Видео) Стаорци големи колку мачки се шетаат низ вториот по големина град во Велика Британија

Бирмингем, најпознат како центар на британската индустриска револуција во последниве години се соочува со финансиски тешкотии, а сега купишта вреќи со ѓубре се трупаат по улиците додека работниците од комуналните претпријатија штрајкуваат поради спорот со градскиот совет околу платата.
Според извештаите, градот се соочува со зголемување на наездата на стаорци како резултат на оваа ситуација, пренесува CNN.
Медиумите јавуваат дека низ градот шетаат стаорци со големина на мачки.
Свет
Кина одговори – ги зголемува царините за увоз од САД на 84 отсто

Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.
Претходно денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од своето легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска, стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.