Забава
Сонот на Владимир Путин кој ќе може да си го оствари дури по заминување во пензија

Владимир Путин вчера по четврти пат го посети српскиот главен град, Белград. Шеесет и шестгодишниот руски претседател сака да патува и ваквите професионални обврски не му се тешки, но мал проблем е тоа што него го интересираат малку поинаков тип патувања – без голема придружба, камери, набиена агенда и премногу луѓе.
Иако веќе долго време е на чело на Русија, логично е дека Путин во еден момент ќе се повлече, а пред неколку години, тој отворено зборуваше за плановите за пензионерските денови, при што ја истакна желбата за патување во природа и посета на некои туристички атракции.
„Би сакал успешно да ја завршам својата кариера“, изјави Путин при посета на една фабрика, кога во една од малкуте такви ситуации, го спушти гардoт и му се довери на еден работник – „Сакам да патувам. Денес, сите моите патувања се сведуваат на тоа да стигнам до аеродромот, во хотел, а потоа се враќам назад на аеродром. Би сакал да патувам во друг стил. Да одам некаде во природата, да видам некои туристички дестинации“, рекол рускиот претседател.
Со оглед на тоа што не зборува премногу за својот личен живот, уште во само едно интервју Путин откри дека често оди на викенди во природа, на локација каде еден од неговите пријатели има куќа. Како што рече, само во дивината се одмора онака како што сака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дуа Липа покажа како се носи малиот црн фустан

Традиционалната Недела на модата во Париз сè уште трае, а познатите личности и нивните интересни модни изданија пристигнуваат. На ред е Дуа Липа, која одлучи да носи креација од пердуви на големиот моден настан.
Иако оваа комбинација доби комплименти, другата комбинација на Липа го привлече вниманието на жените кои сакаат лежерен стил и ненаметливи детали.
Пејачката беше фотографирана пред луксузниот хотел „Костес“. За дневната пригода, таа носеше минималистички фустан кој ја истакнуваше нејзината завидна фигура.
Станува збор за класичен црн фустан кој зрачи со едноставност и високи чизми од брендот „Chrome Hearts“ кои ги истакнуваат витките нозе.
Својот стил го комплетираше со чанта од Шанел и шминка во „nude“ тонови. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за меки бранови.
Забава
(Фото) Мртва трка меѓу Кејт Мидлтон и Брижит Макрон: не се знае која е подобро облечена

Емануел Макрон, претседателот на Франција, и неговата сопруга Брижит Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Обединетото Кралство. Тие беа пречекани во Лондон од кралот Чарлс и кралицата Камила, како и од принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Првата дама на Франција и принцезата од Велс привлекоа внимание со своите комбинации за оваа посебна пригода. Кога зборуваме за стајлингот на Брижит Макрон, мора да нагласиме дека тој се карактеризира со едноставност и елеганција.
Така беше и овој пат, кога одлучи да облече бел фустан со златни детали што ги следеа контурите на нејзиното тело. Својот стајлинг го надополни со беж чевли и рачно изработена чанта украсена со цветни мотиви.
Што се однесува до Кејт Мидлтон, таа се одлучи за комбинација во пудра розова боја, која се состои од струкирано сако и здолниште од тил.
Интересно е што нејзината облека е дизајнирана од француската модна куќа „Диор“, со која принцезата од Велс сакаше да им оддаде почит на своите гости.
Таа го надополни својот аутфит со високи потпетици од брендот „Gianvitto Rossi“ и шапка. Бисерна огрлица и обетки го надополнија нежниот изглед.
Забава
(Фото) Го облече најмодерниот костим за капење и ги „урна“ мрежите

Сезоната на костими за капење започна, а ако сè уште ви недостасува вистинскиот модел, обидете се да најдете инспирација од секогаш совршената Нина Бадриќ.
Познатата пејачка Нина Бадриќ отсекогаш важела за една од најелегантните дами на регионалната јавна сцена.
Со својата софистицираност, таа секогаш знае како да привлече внимание, а не е тајна дека често е инспирација кога станува збор за вечерни и секојдневни комбинации. Неодамна го прослави својот 53-ти роденден, а ги информираше своите следбеници за сè на мрежите.
Овој пат, убавата Нина нè воодушеви со едноделен костим за капење, кој е прилагоден за да одговара на секоја фигура, а поточно, пејачката го носи овој црн едноделен костим со години, па јасно е колку е добар.
Иако црната не е примарна боја што ја избираме за лето, кога станува збор за костими за капење, може да биде прилично добар избор. Моделот на Нина совршено ја издолжува фигурата и ги крие сите недостатоци, доколку ги имате, а кога ќе се исончате, сè ќе изгледа многу подобро.
Друга добра работа е што можете да го најдете овој модел буквално насекаде, без да „фрлите“ огромна сума пари, и ќе изгледате како да сте дошле директно од Холивуд.