Црна хроника
Пожар во куќа во Кичево, повредени две лица
Две лица се повредени во пожар што избувнал вчера во куќа во Кичево.
Според информациите на МВР, вчера во 9 часот било пријавено дека на улица „Влашки пат“ во Кичево, во куќата сопственост на Х.М.(63) избувнал пожар, при што со повреди се здобиле Е.М.(27) и Р.М.(68) од Битола.
На повредените им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.
Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево. Засега не се познати причините за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“
Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К. (66), кој претходно бил пријавен дека не се вратил во својот дом.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетник ранет со воздушна пушка во Банско – приведен 65-годишник
Вчера околу 23:45 часот во селото Банско, полицајци го приведоа Б.М. (65) од истото село.
Според пријавеното, околу 20:30 часот, во близина на неговата куќа, тој со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На повредениот му била укажана медицинска помош во Општата болница во Струмица.
Воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М., кој е задржан во Полициската станица Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведена жена од Турција по напад врз полициска службеничка во судот во Штип
Вчера во Штип, полициски службеници ја приведоа А.К. (52) од Република Турција, која моментално престојува во градот.
Според полицијата, таа физички нападнала полициска службеничка ангажирана за физичко обезбедување за време на судски процес што се одвивал во Апелацискиот суд во Штип.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

