Македонија
Собраниска делегација на зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата, Бетијан Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Африм Гаши, ќе учествуваат во првиот дел од редовната зимска сесија на ПС на СЕ, што се одржува во Стразбур, Франција, од 21 до 25 јануари.
На сесијата ќе биде избран претседателот и потпретседателите на Собранието. Свое обраќање ќе има и претседателот на Финска. Исто така, финскиот министер за надворешни работи ќе го пренесе комуникето од Комитетот на министрите и генералниот секретар на ПС на СЕ ќе му се обрати на Собранието.
Во текот на работата Собранието ќе одржи заедничка дебата за медиумите во јавна сопственост во контекст на дезинформирањето и пропагандата, како и за слободата на медиумите како услов за демократски избори. Ќе се дискутира и за интернет-владеењето и човековите права.
Во текот на сесијата ПС на СЕ ќе ги надгради насоките за фер референдуми и ќе ја испита компатибилноста на шеријатското право со Европската конвенција за човековите права. Покрај тоа, Собранието ќе оцени дали повлекувањето на националноста како мерка за борба против тероризмот е пристап што е компатибилен со човековите права и ќе се дискутира за унапредувањето на правата на лицата коишто им припаѓаат на националните малцинства.
Втората заедничка дебата ќе се фокусира на дискриминацијата во пристапот до вработување и потребата за инклузивна работна сила.
Побарани се две итни дебати – една за „Отворената руска агресија против Украина: нарушување на мировниот процес и закана за европската безбедност“, а втората за „Влошената ситуација на опозициските политичари во Турција: што да се направи за да ги заштитат своите фундаментални права во земја членка на Советот на Европа?“.
По иницијатива на претседателот на ПС на СЕ – #NotInMyParliament, на кратка церемонија на пленарната седница на 21 јануари, членовите ќе се заложат да преземат акција во нивните национални парламенти за искоренување на сексизмот, вознемирувањето и насилството врз жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Македонија
(Фото) Успешна евакуација на повредено лице со хеликоптер на Армијата

Вчера, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.
Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.
„Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.
Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата