Забава
Студентка доби рак поради грицкање на ноктите и – палецот ѝ беше ампутиран

Дваесетгодишна Британка почнала да ги грицка ноктите бидејќи била жртва на мобинг во училиште. Таа никогаш не можела да престане со таа навика. Конечно, станало толку страшно што таа целосно си го одгризала нокотот на својот десен палец. Нокотот никогаш повторно не ѝ пораснал.
Во едно интервју Кортни рече дека многу се срамела поради тоа и на никого не му кажувала, а палецот го криела пред членовите на семејството и пријателите, односно ставала вештачки нокот. Само неколку дена подоцна, кога кожата на нокотот станала црна, студентката им кажала за својот проблем на родителите и побарала помош од лекар.
Student's thumb amputated after developing skin cancer from biting her nails https://t.co/qum7VNz2nR pic.twitter.com/6oozzODTLe
— Daily Mirror (@DailyMirror) September 6, 2018
Кога ја дознала дијагнозата, Кортни била потполно шокирана. Никогаш не помислила дека грицкањето на ноктите може да предизвика рак, изјавила 20-годишната студентка по психологија. По три неуспешни обиди да го спасат палецот со операции, лекарите, конечно, морале да ѝ го исечат прстот. Ракот веќе се проширил толку многу што се заканувал со опфаќање и на раката.
Отсега таа мора редовно да оди на контроли и да ја тестира крвта за да биде сигурна дека болеста не се вратила. Бидејќи лекарите не знаат точно каде се наоѓа ракот на нејзината рака, можно е да ја ампутираат ако меланомот почне повторно да расте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Незгодниот момент на Кијану Ривс на доделувањето на наградите „Тони“ стана хит

Непријатниот момент на Кијану Ривс (60) стана вирален откако бродвејската ѕвезда за време на својот настап на доделувањето на наградите Тони во 2025 година скокна на столот на актерот. Ривс без да се сомнева седеше во Radio City Music Hall во Њујорк додека Џонатан Гроф изведуваше енергична верзија на „Mack The Knife“ од мјузиклот „Just In Time“.
Гроф, кој глумеше со Ривс во филмот „The Matrix Resurrections“ од 2021 година, потоа скокна на столот на Ривс, со нозете од двете страни на лицето, и продолжи да пее. Изненадениот Ривс врескаше и го погледна Гроф, кој буквално беше над неговата глава, а потоа го зграпчи за градите и скокна од столот.
@tv_line Jonathan Groff gets up close and personal with Keanu Reeves at the #TonyAwards #keanureeves #jonathangroff #tonys #2025 #cbs ♬ original sound – TVLine
Воодушевените обожаватели ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а еден напиша: „Џонатан Гроф се искачи на Кијану Ривс среде публиката и го јаваше за време на неговиот настап на Тони“.
Други коментираа: „Кијану Ривс веќе го освои Тони со овој момент“, „Џонатан Гроф одлучи да ја искористи својата шанса со Кијану Ривс и јас го почитувам тоа“, „Флертувањето на Џонатан Гроф со Ривс беше неочекувано, но јас сум возбуден“.
Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.