Контакт

Свет

Колумбиските милитанти на ЕЛН презедоа одговорност за нападот во Богота

Објавено пред

Колумбиската национална ослободителна армија (ЕЛН) во понеделникот ја презеде одговорноста за смртоносниот напад врз полициското училиште во Богота минатата недела, во кое загинаа 21 лице, а 68 други беа повредени.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот автомобил бомба пробил контролен пункт во близина на зградата на полициската академија и експлодирал во нејзините простории. Властите најавија тридневна жалост по смртоносниот напад за кој ја обвинија ЕЛН.

Во саботата колумбискиот претседател Иван Дуке рече дека наредил да се одблокира налогот за апсење за 10 члена на ЕЛН кои беа дел од бунтовничката делегација на мировните преговори со владата.

„Нападот против оваа институција и против војската е законски и во рамките на правилата на војување зашто нема ниту една цивилна жртва”, се вели во сооштението на ЕЛН.

Според соопштението од милитантите, полициското училиште е воен објект во каде што се обучува персонал за војна против социјалните протести. ЕЛН додаде дека нападот е одговор на одбивањето на Дуке да го почитува прекинот на огнот на Божик. Во соопштението се истакнува дека колумбиската војска на 25 декември гранатирала логор на ЕЛН, повредувајќи едно селско семејство кое било во близина.

ЕЛН, паравоена група што ја следи комунистичката идеологија и се верува дека има околу 1 500 борци, се бори против колумбиските власти со цел да ги собори од 1964 година. Откако Револуционерните вооружени сили на Колумбија се разоружаа во 2017 година, ЕЛН остана единственото герилско движење во земјата. Во февруари 2017 година вооружената група почна мировни разговори со колумбиската влада ,кои допрва треба да дадат конкретни резултати.

Свет

Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.

dobivaj vesti na viber

Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.

Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.

Прикажи повеќе...

Свет

Стејт департментот им препорача на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

Објавено пред

Стејт департментот им препорача на американските граѓани во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата поради безбедносни ризици.

dobivaj vesti na viber

Стејт департментот објави и дека меѓународните летови од Венецуела се обновени и дека има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за Соединетите Американски Држави.

– Безбедносната ситуација во Венецуела останува флуидна – се наведува во соопштението, објави Си-Би-Ес.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во меѓународна операција предводена од САД и префрлени во притвор во Њујорк.

Прикажи повеќе...

Свет

Сопствениците на барот во Кран-Монтана признаа дека немало систем за гаснење пожар, а излезите за итни случаи биле блокирани

Објавено пред

Сопствениците на швајцарскиот бар каде загинаа 40 лица, а 116 беа повредени, Жак и Џесика Морети, признаваат дека во објектот немало спринклер-систем и дека вработените не биле обучени за постапување во случај на пожар. По првото сослушување, во јавноста излегуваат нови детали.

dobivaj vesti na viber

Пожарот го предизвикале прскалки, излезите за итни случаи биле блокирани, а меѓу повредените имало и малолетници. Според телевизијата BFMTV, двајцата во одделни сослушувања дале детални искази за случувањата таа кобна ноќ.

Според исказите на Џесика и Жак Морети, вечерта во клубот „Ле Констелејшн“ започнала мирно. Џесика пристигнала околу 22:30 часот, додека Жак се наоѓал во друг локал што исто така е во нивна сопственост – барот „Сенсо“.

– На полноќ имаше многу малку луѓе. Подоцна клубот се наполни и во еден момент имаше околу 100 гости – рекла Џесика.

До пожарот дошло кога келнери на рамењата носеле шишиња со запалени прскалки до масите.

– Одеднаш почувствував немир во толпата. Видов портокалова светлина во еден агол од барот. Веднаш извикав: „Сите надвор!“ и ги повикав пожарникарите – раскажала Џесика Морети.

Жак Морети, кој во тој момент бил во барот „Сенсо“, околу 1:28 часот добил паничен повик од сопругата:

– Му реков: „Гори, дојди веднаш!“ Разговорот траеше единаесет секунди.

Кога пристигнал на местото, клубот веќе бил полн со чад. Главниот влез бил непрооден, а задната врата заклучена одвнатре. Заедно со уште две лица ја обиколил зградата и ја отклучил вратата.

– Кога се отвори вратата, повеќе луѓе лежеа без свест на подот – навел тој.

Истрагата брзо се насочила кон безбедносните мерки во клубот. Според BFMTV, сопствениците навеле дека локалот го презеле во 2015 година и темелно го реновирале. Електричните инсталации и вентилацијата ги поставувале надворешни фирми.

Клубот имал еден главен излез и еден излез за итни случаи, кои, според Жак Морети, биле соодветно обележани. Фотографиите до кои дошол BFMTV ги потврдуваат тие тврдења.

Сепак, Морети признаа дека во објектот немало спринклер-систем и дека вработените не биле специјално обучени за постапување во случај на пожар. Прскалките што го предизвикале пожарот, како што велат, биле вообичаени на роденденски прослави.

– Прскалките горат 30 до 40 секунди, доволно за да се донесат од барот до масата, без никој да биде повреден – рекол Жак Морети.

Дополнителен проблем било присуството на малолетници во барот. Сопствениците изјавиле дека на лица помлади од 16 години не им дозволуваат влез, додека за гостите од 16 до 18 години бараат придружба од возрасен.

– Правиме сè што можеме за тоа да го обезбедиме, но не е исклучено во поединечни случаи да дојде до грешки – признал Жак Морети.

Сепак, ноќта на трагедијата во клубот имало повеќе малолетници, вклучувајќи и деца помлади од 16 години. Дел од нив не го преживеале пожарот.

Против Џесика и Жак Морети во меѓувреме е подигнато обвинение за убиство од небрежност, ненамерно предизвикување пожар и нанесување телесни повреди.

Истрагата сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет6 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет6 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет6 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет6 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет7 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија19 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија21 час

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија23 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија23 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...