Забава
Трамп не се однесува кавалерски, ја игнорира Меланија и ги заборава нејзините родендени

Американскиот претседател, Доналд Трамп (72), и првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп (48), ја прославуваат 14-годишнината од бракот. Двојката се запознала во 1998 година на Њујоршката модна недела, а набрзо потоа почнала љубовна врска. Иако веќе е забележливо дека Трамп нема премногу кавалерски манири, а и кружат гласови дека се разведуваат, неговата сопруга сè уште го толерира сето тоа.
Пред два месеца новинарите ги фатија додека ја напуштаа Белата куќа и одеа кон хеликоптерот што требаше да ги однесе на Флорида. Тие имаа само еден чадор, кој, се разбира, го држеше Трамп.
Кога видел дека ги снимаат камери, Трамп со чадорот во рака се упатил кон новинарите, а Меланија ја оставил да стои на дожд. Непријатната ситуација таа ја поднесе со насмевка, но сето тоа го забележаа корисниците на социјалните мрежи. Видеото брзо се прошири преку интернет, а некои „злобни” коментатори заклучија дека е поважно за американскиот претседател да ја зачува својата фризура отколку Меланија.
First lady Melania Trump joins President Trump as he prepares to depart for Georgia and Florida to survey storm recovery efforts.
"She did a great job on television the other night and I didn't do so bad either, but she did a great job on television." https://t.co/ExyoskXW4Y pic.twitter.com/lisqG1L3Uz
— ABC News Politics (@ABCPolitics) October 15, 2018
Тоа не е единствениот пат Трамп да не се однесува „кавалерски” кон неговата Меланија. За нејзиниот 48. роденден тој дури заборави да ѝ купи подарок, а тоа тој го потврди и за американските медиуми.
Доналд, наводно, ѝ подарил на Меланија само цвеќе и обична честитка.
Во последно време во нивниот брак нема многу хармонија, а доказ за тоа е и неодамнешно видео во кое Трамп срамежливо се обидува да ја фати за рака првата дама, додека таа го игнорира.
See Melania Trump's Latest Awkward Hand-Holding Moment
First Lady Melania Trump had another awkward hand-holding moment with husband Donald Trump as they welcomed French President Emmanuel Macron and his wife, Brigitte.
Gepostet von People am Dienstag, 24. April 2018
Настанот што доби уште поголемо внимание се случи токму пред почетокот на инаугурацијата на Трамп. Тој излегол сам од автомобилот, се качил по скалите и почнал да се ракува со Обама, наместо да ѝ помогне на Меланија да излезе од автомобилот, или барем да ја причека додека да излезе.
Поранешната прва дама Мишел Обама (55), исто така, не успеа да го сокрие изненадувањето од однесувањето на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Руската вакцина против рак може да го промени животот на милиони пациенти

Русија го заокружи развојот на својата вакцина против рак, која успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за клиничка употреба по добивањето на лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Федералната медицинска биолошка агенција (ФМБА).
„Кон крајот на летото 2025 година поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена, чекаме лиценца“, изјави Скворцова.
Истражувањата покажале дека вакцината е безбедна за повеќекратна употреба и ефикасна во намалувањето на големината на туморите и забавувањето на нивниот раст. Дополнително, резултатите укажуваат на продолжено преживување на пациентите.
„Прво ќе ја применуваме кај пациенти со колоректален карцином. Истовремено, во последната фаза од развој се вакцини за глиобластом – малигнен мозочен тумор, и одредени видови меланом, вклучувајќи и очни мембрани. Овие болести се многу агресивни и потребни се брзи решенија“, додаде Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година најавила дека ФМБА планира персонализиран третман со вакцина против рак за пациенти од 2025 година, во присуство на претседателот на Русија.
Забава
Две причини зошто треба да го оставите детето да оди босо

Многу родители се плашат да го пуштат своето дете да оди босо поради можни повреди или бактерии, но мало дете има многу придобивки од одењето босо – од зајакнување на стапалата и нозете до развивање чувство за рамнотежа.
Двете најчести причини зошто родителите не им дозволуваат на своите деца да трчаат боси се стравот од повреда од стапнување на остар предмет и избегнување кожни заболувања што може да ги добијат.
Сепак, мали се шансите такво нешто да се случи на површините за играње бидејќи тие се транспарентни и лесно се забележуваат опасни предмети. Исто така, оние што често одат боси развиваат зголемена свест за тоа каде стапнуваат, а нивните стапала се стврднуваат и создаваат природна заштита.
Исто е и со бактериите. Нашата кожа е во состојба да ги држи подалеку. Рацете се многу повалкани бидејќи ги користиме за да зграбиме сè и сешто, а децата редовно ги ставаат во уста.
Всушност, чевлите се соодветна средина за раст на бактерии и габи бидејќи тие создаваат темна, топла и влажна средина, каде што најлесно е бактериите да растат на детските стапала.
Кевин Гири, наставник, гуру за родители и автор на блогот „Револуционерен родител“, верува дека обувките се лоши за децата бидејќи ги уништуваат стапалата и го попречуваат природниот развој на движењето кај децата. Поради ова, вели тој, децата се поподложни на повреди на нозете и на стапалата.
Тој истакнува дека одењето боси ги зајакнува стапалата и долниот дел од нозете правејќи го детето повешто и посвесно за положбата на своето тело. Стапалата имаат повеќе од 200.000 нервни завршоци, што е најголема густина на мрежата на нерви во целото тело, токму за да бидеме побезбедни и подобро да се приспособиме на земјата под нас.
„Најлесниот начин да се развие чувство за рамнотежа кај бебињата е да им дозволите да одат боси колку што е можно повеќе“, вели педијатарот д-р Кејси Флегал.
„Друга придобивка е зајакнувањето на свеста за околината во која се движат бидејќи босите нозе испраќаат информации до мозокот, што ја подобруваат рамнотежата“, додава таа.
Децата што често се боси учат да се движат подобро. Четири милиони години нашите стапала се развивале без чевли, а нивното затворање во чевли и патики сигурно не е добар начин природните процеси на развој на одењето да се одвиваат како што е предвидено со еволуцијата.
На крајот на краиштата, не е сè ни во медицинските причини. Одењето со боси нозе значи давање задоволство на сетилата, што најдобро го чувствуваат малите деца за кои ова е секогаш радост. Помислете на тоа прекрасно чувство кога одите боси по песок или трева или во плитките води…
Фото: ЕПА
Забава
Избрана бојата за 2026 година во уредувањето: носи мир, удобност и безвременски стил

„Валспар“, еден од најпознатите и трендовски производители на бои, ја објави бојата на годината за 2026.
Инспирирана од носталгијата и природата, таа е дизајнирана да донесе мир, удобност и безвременски стил во секој простор.
Дизајнерите предвидуваат дека ќе доминира во домовите и на социјалните мрежи во следните 12 месеци.
View this post on Instagram
По анализата на тони податоци што го земаат предвид однесувањето на потрошувачите и трендовите во декорирањето, открија дека победничката е топлата боја на евкалиптус, мека зелена.
Во соопштение за медиумите брендот сподели дека топлиот евкалиптус одразува колективна желба за смирен, приземјен дизајн, што се приспособува на брзото темпо на живеење во станбениот и во комерцијалниот дизајн.
„Топлиот евкалиптус е повеќе од само прекрасна нијанса на зелена боја, тој е одраз на удобноста по која копнееме во нашите домови“, вели Су Ким, директорка за маркетинг во боја во „Валспар“, за „Рил симпл“.
„Неговите топли нијанси создаваат приземјено, пријатно расположение и црпат инспирација од природата и од познатоста на ретро дизајнот – ова е боја што поттикнува обнова и отпорност“.
„Буквално ве опкружува каде и да живеете и е релевантна и позната. Ни треба стабилност и ни треба релаксација. А носталгијата е во тренд веќе некое време – се осврнуваме наназад за да планираме за иднината. Сакавме да ги истакнеме оние работи што ги опфаќаат спомените и вашиот дел од тоа наследство што се пренесува во вашето семејство. Самата боја навистина ја слави таа носталгична нота“.