Свет
Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот
Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред десет дена падна во бунар во Шпанија. Кога сите веруваа дека е направен процеп што ќе ги одведе спасувачите во тесниот и длабок бунар каде што се верува дека е двегодишниот Јулен, медиумите јавуваат дека спасувачите наишле на нова огромна пречка. Бунарот длабок 110 метри, со широчина од 25 сантиметри е претесен низ него да помине возрасен човек. Претпоставките се дека детето е заглавено на длабочина од 72 сантиметри, па беа пуштени и камери за да ја снимат внатрешноста на бунарот.

Спасителите на подрачјето на Малага избушија и паралелна дупка до длабочина од 60 метри, но неопходно е да се прошири процепот за низ него да влезе возрасен човек. Тие вметнаа и метални цевки, но сега ќе мора да ги отстранат за да ја прошират дупката,
Поради опасност од урнување, не смее да се користи експлозив. Тврдата земја го забави бушењето, а дел од дупката рударите и рачно ќе треба да ја ископаат. Нема информации колку време ќе биде потребно за да се прошири отворот низ кој треба да влезат рударите во бунарот.

Но, и по 11 дена кај најблиските сè уште постои надеж дека детето е живо. Многу семејства држат запалени свеќи и се молат ширум Шпанија за спас на двегодишото дете.
„Само родители можат да разберат што ни се случува и како се чувствуваме. Скршени сме”, вели таткото на Јулен Росело.
Инженерите велат дека ископувањето на хоризонталниот премин би бил најопасниот дел од напорите за спасување на детето. Шпански рудари и инженери се приклучија на работниците од шведската фирма, кој помогна да се лоцираат и 33 чилеански рудари кои беа спасени по 69 дена под земја пред повеќе од седум години.

Момчето пред 11 дена било видено од очевидци како паднало во бунарот и засега, според информациите на тамошните медиуми, нема регистрирани знаци на живот. Пожарникарите, со помош на роботска камера, пронајдоа кесе со бонбони што момчето го држело в рака пред да падне во бунарот.

Детето со своето семејство било во близина на селото Тоталан кога паднало во бунарот. Карлос Мендоза (49) од Малага, кој живее во Тоталан, во изјава за медиумите вели дека родини на семејството го купиле имотот пред неколку месеци, каде што планирале да градат куќа. Тие за викендот дошле на имотот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

