Македонија
Реакција на Град Скопје: Хотелот не е дел од договорот, „Лимак“ ќе ја изгради подземната сообраќајница
Град Скопје не одговри на барањето од „Макфакс“ за увид во договорот со „Лимак“, но по објавата на текстот со наслов „‘Лимак’ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место првин да се изгради подземната сообраќајница“, испрати реакција во која се вели дека изградбата на хотелот не е дел од договорот меѓу „Лимак“ и Град Скопје, поточно тој воопшто не е поврзан со изградбата на подземната сообраќајница.
„Дозвола за изградба на овој објект е издадена уште во 2008 година и таа парцела нема никаква допирна точка со договорот меѓу ‘Лимак’ и Град Скопје потпишан на 12.3.2012 година и изградбата на подземната сообраќајница“, стои во реакцијата.
Во неа се додадава дека иако никаде во договорот не е наведено дека првин треба да се изгради подземната сообраќајница, а потоа другите комерцијални објекти, во согласност со сите технички стандарди, тоа е најлогичниот пристап.
„Градежните работи за подземната сообраќајница се во тек, се одвиваат со предвидената динамика и во моментот можеме да потврдиме дека ‘Лимак’ ги почитува сите одредби од договорот“, велат од Град Скопје и потсетуваат дека со овој договор е предвидено компанијата „Лимак“ да изгради подземна сообраќајница, а за возврат ќе може да гради комерцијални објекти на дел од површината.
Градските власти појаснуваат дека со изградбата на овој објект во ниту еден момент не се прекршуваат одредбите на договорот ниту, пак, се менува фактот дека Скопје ќе добие модерен и современ подземен булевар кој целосно ќе го измени начинот на функционирањето на сообраќајот во овој дел од градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.