Контакт

Економија

Само пет проценти од компаниите извезуваат од Македонија

Објавено пред

Клучот за економски развој на земјава е во развојот на приватниот сектор, така што тој ќе биде во состојба да искреира производи и услуги со повисока додадена вредност кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар. Ваков беше заклучокот на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија. За да се постигне тоа, беше наведено, потребен е поволен деловен амбиент што ќе ја поттикне иновативноста на домашните компании, а воедно ќе го поддржи и внесот на нови технологии.

dobivaj vesti na viber

Потпретседателот на Сојузот, Габриела Кулебанова, истакна дека конкурентноста на македонското стопанство најдобро се огледа преку извозот на македонските производи.

„Концентрацијата на извозот кај многу мал број компании и денес е многу голема. Според податоците од Државниот завод за статистика во Македонија, само 3 500 компании извезуваат,  тоа е околу 5 проценти од вкупниот број на активни трговски друштва во земјава. Најголем дел од фирмите кои извезуваат или 2.835 фирми се микро и мали, а само 110 од извозниците се големи компании кои имаат над 250 вработени. Но, иако се малку на број, големите извозни компании создаваат најголем дел или 80 отсто од вкупниот извоз на државата. Ова јасно покажува дека наголем дел од македонските компании, пред сè малите и средни претпријатија, немаат можности за инвестирање во иновации и технологија и се кадровски, финансиски и технички ограничени за да можат да остваруваат извоз“,  изјави Кулебанва и додаде дека треба поагресивно да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија и да се наградува ангажирањето на домашни иноватори.

Во насока на стимулирање на  иновативноста и технолошката конкурентност, како што посочи, постојат низа мерки како даночни ослободувања за модернизација и нови технологии, користење одредени фондови за набавка на нова опрема, како и стимулирање на партнерства со странските инвеститори кои во голема мера може да пренесат знаење и внес на нови технологии кај домашните компании.

Согласно со извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум (СЕФ), всушност најконкурентни се токму оние економии кои се извозно ориентирани, најиновативни и технолошки најподготвени. Подобрување на конкурентноста на македонските производи, преку креирање на уникатен производ  со додадена вредност, може да создаде  врвен производ за избраните извозни пазари, како ефективен начини за зголемување на БДП, велат од ССК.

„Квалитетните и оригинални производи, амбалажа, стандардизација и подготвеноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, како и следење на истражувањата и трендовите во одредена индустрија се неколку аспекти за зголемување на побарувачката и извозот. Учеството на извозот во БДП, кое е нешто над 50 проценти, треба да се зголеми, а за тоа е неопходно значително подобрување на капацитетите на одредени сектори.  Согасно со анализите, производи и услуги со поголема додадена вредност може да се креираат во сите сектри, почнувајќи од ИКТ, иновативно земјоделство, мали индустриски капацитети, пред сè прехранбени кои ќе креираат уникатен производ со конкурентна цена. Иновативните бизниси се обично со зголемен ризик при нивното формирање, но и со потенцијална можна зголемена добивка.  Затоа треба да се овозможи соодветен амбиент каде изворите на финансирање би им биле достапни на овие компании. Во таа насока формирање фондови за одобрување строго наменски кредити со пониски каматни стапки за стимулирање на извозот и на извозно-ориентираните компании ќе биде стимул за приватниот сектор“, изјави Даниела Николовска, член на Сојузот.

Развиените мали и средни компании, како и нивна адекватна поддршка, може да ја зголеми конкурентноска на МСП кои се 99,7 проценти од вкупниот број регистирани компании во земјата. Според последните податоци на ДЗС, за период јануари – ноември 2018, вкупниот извоз е над 5 милијарди евра и бележи пораст од 16.7 отсто во однос на истиот период од претходната година.  Најголем тровски партнер е Германија со кој Македонија бележи суфицит во размената. Значајни трговски партнери на земјата се и Бугарија, Србија, Грција, Италија, Романија, Шпанија, Турција и Велика Британија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет5 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет5 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет5 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет6 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет6 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија19 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија20 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија22 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија22 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ24 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...