Регион
Фотомонтажата на хрватскиот министер со проститутка не престанува да ја бранува хрватската јавност
Во Хрватска не престанува бурата што ја предизвика објавената фотомонтажа на хрватскиот министер за земјоделство и потпретседател на Владата, Томислав Толушиќ, со проститутка, подготвени да консумираат дрога.
Политичкиот неделник „Национал” објави фотографии и една статија под наслов „Проститутка и кокаин во врвна монтажа за компромитација на Томислав Толушиќ”, со цел, како што се наведува, политички да се уништи потпретседателот на Владата и министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, и да се предизвика криза во владата.
"Poprilično sam siguran tko bi mogao stajati iza svega", kazao je Tolušić. https://t.co/WsqMmfibW2
— Index.hr (@indexhr) January 22, 2019
Толушиќ веднаш изјави дека се работи за фотомонтажа и рече дека не носи чевли какви што човекот на наводно монтираната фотографија. Во меѓувреме, во одбрана на Толушиќ се јави Владата, како и хрватската претседателка, а во случајот се вклучија и СОА, канцеларијата на УСКОК и Државното правобранителство.

Разузнавачката агенција откри дека тоа е висококвалитетна софистицирана монтажа. Со анализа на фотографијата, агентите открија дека објектот на фотографијата е апартман во Србија. Фотографиите од апартманот се достапни и на еден сајт за букирање.
Главниот и одговорен уредник на „Национал“, Берислав Јелиниќ, изјави вчера во ХРТ дека ги објавиле овие фотографии бидејќи постоел „голем јавен интерес”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.
Регион
Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба
Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна состојба, поврзан на респиратор, потврди неговата канцеларија, колегите и лекарите.
Пулмологот Спасоје Попевиќ им изјави на новинарите дека состојбата на министерот Дачиќ е „многу тешка“ и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија – со тој респиратор, што е метод на лекување – купуваме време потребно за овие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Станува збор за тешка пневмонија и борба за неговиот живот“, рече доктор Попевиќ.
Дачиќ беше хоспитализиран вчера во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија, а Попевиќ се воздржа од прогнози.
„Прерано е за тоа, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како да продолжиме“, рече Попевиќ.

