Економија
(Видео) Трите SUV-возила на „Сеат“ првпат заедно во Барселона
„Новата ‘сеат атека’ игра клучна улога во нашата нова бренд-стратегија. Моделот ‘атека’ ја поттикна најголемата производна офанзива во историјата на ‘Сеат’“, беа првите зборови на претседателот на Извршниот комитет на „Сеат“, Лука де Мео, за време на лансирањето на првото SUV возило во 2016 година.

Две и пол години подоцна неговите намери се исполнети, а денес „Сеат“ има три модели во својот SUV опсег, сите модели ја делат истата ДНК, но секој има свој посебен карактер. Денес за првпат SUV возилата заедно во градот каде што се создадени, велат „Порше“ Македонија.

Дизајн создаден во Барселона – Дизајнот е одлучувачки фактор за 65 % од купувачите кои купуваат SUV возило. Во однос на „Сеат“ моделите, сите имаат заедничко потекло од Барселона.

„Сите три возила можеа да се создадат само во овој град“, посочи директорот за дизајн на „Сеат“, Алехандро Месонеро-Романос.
Со елеганција, блескавост и љубов кон деталите како споделени карактеристики, секој модел има свои уникатни особености. На пример, моделот „арона“ може да се пофали со силен карактер на кросовер, со 68 можни комбинации на бои, „атека“ се одликува со нејзината елегантна силуета, додека „тарако“ го пренесува својот карактер благодарение на дизајнот на неговата предница, што укажува на она како ќе изгледаат идните моделите на „Сеат“.

Мотори кои одговараат на сите потреби – Со излезни перформанси кои се движат од 95КС на моделот „арона“ до 190КС на моделот „Тарако“, трите SUV возила нудат широк спектар на мотори кои гарантираат перформанси, ефикасност и сигурност. Покрај тоа, „арона“ е првиот модел во својот сегмент кој нуди мотор со природен гас (CNG), додека „тарако“ ќе располага со ‘plug-in’ хибридна верзија. Најголемиот SUV модел на „Сеат“ претставува ремек-дело во однос на функционалноста и флексибилноста, уверува потпретседателот на „Сеат“ за истражување и развој, Матијас Рабе.

Безбедноста највисок приоритет – Систем за асистирање при сообраќаен метеж, систем за одржување на коловозна лента, адаптивен темпомат, функција за сопирање во итни случаи. Ова се само неколку од најсовремените безбедносни системи кои се вградени во SUV возилата на „Сеат“ и кои ја покажуваат посветеноста на брендот да даде приоритет на безбедноста и да го олесни возењето. Понатаму, моделот „тарако“ го подигнува нивото многу повисоко преку вклучување системи за препознавање пешаци и велосипедисти.

Поврзани со иднината – За 28 % од луѓето кои купуваат автомобил, конективноста е примарна карактеристика. „Сеат“ интензивно работи на понудата на најдобри решенија, за да одговори на зголемената дигитализација на нашето окружување, а трите SUV возила го демонстрираат ова. Од една страна со дигитален кокпит и 8-инчен екран, а од друга страна, целосна конективност. Овој систем ги поврзува паметните телефони со автомобилот преку Apple Car Play, Android Auto и Mirror Link за да гарантира поврзаност на безбеден начин.

(ПР Текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

