Забава
Авторката на „Педесет нијанси сива“ издава нов еротски роман
Авторката на романот „Педесет нијанси сива“, Ерика Леонард Џејмс (55), наскоро издава нова еротска книга што ја најавува како „Романса на Пепелашка за 21 век”.

Романот ќе се вика „Мистер“, а во Велика Британија и Северна Америка на полиците на книжарниците ќе се најде на 16 април, извести нејзиниот издавач „Винтаж букс“.
Дејството се одвива во Лондон и во источна Европа и е фокусирано на приказната за англиски аристократ што го заведува мистериозна, музички талентирана млада жена, која неодамна пристигнала во Англија, открива издавачот.

„Многу сум возбудена што ќе биде објавена оваа страсна романса. Приказната е за Пепелашка од 21 век. Максим и Алесија ме одведоа на фасцинантно патување и се надевам дека моите читатели ќе бидат воодушевени од нивната возбудлива и сензуална приказна”, кажа Џејмс.
Трилогијата „Педесет нијанси сива“ на Џејмс беше објавена во 2012 година. Таа веднаш стигна на врвот на листата на најпродавани книги во светот со продадени 150 милиони примероци. Филмското студио „Јуниверзал пикчрс“ сними три филма според романите, заработувајќи повеќе од една милијарда долари на глобалниот пазар.

Филмовите што наскоро добија етикета „порнографија за мајки” и привлекоа поголем дел од женската публика, веднаш поттикнаа бројни дискусии за границите меѓу еротиката и сцените на емоционална или сексуална злоупотреба.
Сè уште не е познато дали според новиот роман ќе се сними и филмска верзија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Јутјубер тврди дека е следен откако влегол на островот на Епстин за да направи снимка
Јутјуберот Нико Григ бил принуден да објави јавно извинување откако, како што тврди, почнал да добива закани.
Тој се обидел да влезе на озлогласениот остров на финансиерот Џефри Епстин – Little Saint James, кој се наоѓа на Американските Девствени Острови и за кој се верува дека бил место на бројни нелегални активности. Островот е познат и како „Остров на гревот“ или „Педофилски остров“.
Видеото било објавено на каналот на Григ во јануари, непосредно пред американското Министерство за правда да ја објави најновата серија документи поврзани со Епстин. Иако во тие документи се појавуваат имиња на бројни познати личности, тоа не го спречило инфлуенсерот да се обиде да стигне до островот.
Григ отпатувал на Американските Девствени Острови и, по неколку неуспешни обиди, заедно со пријатели на последниот ден од престојот направил конечен обид да влезе.
Во видеото, објавено на Јутјуб на 30 јануари, Григ открил дека на островот и понатаму има луѓе. Тој објаснил дека, години по самоубиството на Епстин додека чекал судење под обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, островот бил продаден на милијардерот Стивен Декоф.
@notnicogrigg♬ Mysterious and sad BGM(1120058) – S and N
Декоф ги купил островите Little Saint James за 60 милиони долари преку својата компанија SD Investments, иако првичната цена изнесувала 125 милиони долари. Бизнисменот најавил дека планира островот да го претвори во одморалиште исклучиво за возрасни.
Григ успеал да пристигне до брегот, а во видеото, кое досега собрало повеќе од 3,1 милион прегледи, навел дека од плажата можел да види градежни работи. Тој исто така тврдел дека, додека возел џет-ски околу островот, видел луѓе во голф-возила како го снимаат.
Сепак, Григ не можел слободно да се движи по островот и успеал да стигне само до плажата.
На ТикТок објавил дека го следат црни теренци од марката „Ескаладе“, кои, како што рече, секојдневно стојат пред неговата куќа.
@notnicogrigg♬ Piano famous song Chopin Deep deep clear beauty – RYOpianoforte
Во видеото тој им се извинил на сите кои можеби ги навредил со својот потфат.
„Колку што јас знам, ова би можеле да бидат пријатели на Џефри Епстин. Ако сум налутил некого, ми е жал и сакам сето ова да заврши“, порача Григ.
Островот бил претресуван од ФБИ по смртта на Епстин, осуден педофил, сериски силувач и лице одговорно за трговија со луѓе. Досега се објавени повеќе од три милиони документи, познати како „досието на Епстин“.
Забава
Бритни Спирс за конфликтот со семејството: „Среќна сум што сум жива“
Бритни Спирс изјави дека е „среќна што е жива“ додека односите со нејзиното семејство продолжуваат да биде затегнати. Пејачката (44) напиша објава на Инстаграм за нејзиното семејство и за тоа колку се чувствува осамено, пишува People.
„Како луѓе, сè што навистина сакаме е да се чувствуваме блиски и никогаш да не се чувствуваме сами“, ја започна таа објавата. „До оние во вашето семејство кои тврдат дека ви помагаат со тоа што ве изолираат и ве тераат да се чувствувате целосно отфрлени… тие грешат. Како луѓе, можеме да простиме, но никогаш не забораваме“, продолжи таа. „Таа потреба за контакт е секогаш клучна!!!“
Спирс додаде дека верува дека е неверојатно среќна што е жива, со оглед на тоа како нејзиното семејство се однесувало кон неа тогаш – а сега се плаши од нив. Пејачката потоа напиша: „Бог работи на чудни, мистериозни начини“.
„Пријатели, што мислите дека ми кажува денес???“, праша таа, додавајќи: „Затоа што, да бидам сосема искрена, без разлика што ќе каже, тие никогаш нема да преземат одговорност за она што го направиле“.
Објавата доаѓа по години во кои Спирс отворено зборуваше за нејзините раздорни чувства кон членовите на семејството, вклучувајќи го таткото Џејми (73), мајката Лин (70) и сестрата Џејми Лин (34). За време на празниците кон крајот на минатата година, таа објави фотографија од елка на Инстаграм со порака што звучеше како саркастичен поглед на семејните односи.
„Доцнежен Среќен Божиќ на моето прекрасно семејство кое никогаш не ме омаловажувало, не ме повредило, не направило ништо сосема неприфатливо или не ми предизвикало траума што не може да се поправи…“ напиша таа на 28 декември.
„До моето драго, слатко, невино семејство… Многу ми е жал што бев толку зафатена овој Божиќ, но дефинитивно ќе се вратам наскоро за да ве изненадам… Едвај чекам“, додаде таа. Таа ја заврши пораката обраќајќи се кон седумгодишната ќерка на Џејми Лин, Ајви: „Само сакам да те прегрнам, љубов моја…“
фото/епа
Забава
Најдобри бои за дневната соба: Една треба да ја избегнувате, го нарушува вашето добро расположение
Бојата силно влијае на нашето расположение и чувствата што ги имаме додека сме дома, а една боја не е пожелна во домот бидејќи го нарушува животот и доброто расположение.
Дневната соба е срцето на секој дом, место каде што поминуваме време со семејството и пријателите, се релаксираме и создаваме спомени. Правилното уредување на домот и изборот на бои за овој простор може значително да влијаат на атмосферата и функционалноста на просторот. Еве неколку совети за тоа како да ги изберете боите што најдобро ќе одговараат на вашата дневна соба.
Разбирање на психологијата на боите
Боите имаат силно влијание врз нашето расположение и чувства. Пред да се одлучите за одредени бои, размислете за атмосферата што сакате да ја постигнете.

Сината носи чувство на смиреност и релаксација, па затоа е совршена за создавање мирна средина.
Зелената потсетува на природата и може да донесе свежина и чувство на обнова.
Црвената е енергична и страсна, но треба да се користи умерено бидејќи може да биде многу интензивна. Затоа, подобро е да ја избегнувате.
Неутралните бои како беж, сива или бела обезбедуваат добра основа за комбинирање со други бои и лесно се вклопуваат во различни стилови.
Природна светлина
Светлината игра клучна улога во тоа како боите ќе изгледаат во просторот. Поминете некое време во вашата дневна соба во различни периоди од денот за да видите како боите се менуваат под природна светлина.

Во простории со многу природна светлина, можете да користите потемни или поживи нијанси, додека потемните простори се посоодветни за посветли и потопли бои.
Акцентни ѕидови
Ако не сте сигурни дали да користите интензивни бои на сите ѕидови, размислете за создавање акцентен ѕид. Оваа техника ви овозможува да внесете боја без да го преоптоварите просторот. Изберете ѕид што привлекува внимание, како што е ѕидот зад телевизорот или каминот.
Палета на бои
При изборот на бои, корисно е да креирате палета од три или четири комплементарни нијанси. Ова може да вклучува една доминантна боја за ѕидовите, една или две акцентни бои за детали и неутрална боја за мебелот. Оваа комбинација ќе му помогне на просторот да изгледа хармонично и внимателно.

Изборот на бои за вашата дневна соба може да биде забавен и креативен процес. Со земање предвид на психологијата на боите, осветлувањето, мебелот и функционалноста, можете да создадете пријатна и хармонична атмосфера.

