Македонија
Ахмети му пиша на Коѕијас: Успеавме пријателе
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати писмо до поранешниот министер за надвoрешни работи на Грција, Никос Коѕијас во кое му порачува дека дошол денот кога може да се радуваат на заедничкиот голем успех.
,,Поздрав драг Никос, конечно дојде денот кога заедно можеме да му се радуваме на еден толку голем заеднички успех. Често се присеќам на многуте наши силно конструктивни, секогаш отворени и искрени средби, кога ја споделувавме истата цел, имавме исти убедувања, но и не соединуваше истиот опитимизам дека ќе стигнеме тука.
Невремето и облачноста не не одвлекуваа од предодредената цел и се докажа дека сме на правиот пат на историјата и никогаш не се дефокусиравме од крајната цел.
Почитуван пријателе, успеавме.Сите кои што дадоа придонес во ова вековно дело треба да се горди затоа што изградија европска цивилизациска вредност, придонесоа кон мирот во целиот регион обезбедувајќи стабилност, безбедност и иднина.
Би сакал да ти се заблагодарам за храброста и посветеноста кон постигнувањето и усвојувањето на договорот.Денес, нашиот регион, Југоисточна Европа, се раздени во целосно нови геостратешки и геополитички околности, во тие за кои што се залагавме заедно.Здравје да имаш пријателе, да си имаш среќа и сакам да знаеш дека мојата врата секогаш ќе ја најдеш отворена без да имаш потреба да тропаш на неа.Остани ми добар”, се вели во писмото на Ахмети до Коѕијас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

