Македонија
(Видео) Стоилковски: Владата на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно. Ако просечната пензија во Република Македонија изнесува 15 000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија. Вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиони евра, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии.
,,Кратењето на пензиите удира безмалку на над 310 илјади семејства во Република Македонија. Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија.
Ветуваа раст на пензии а добивме кратење. Значи повторно излажаа. Неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно збора а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени.Власта брутално ги лаже и си поиугрува и со пензионерите и со граѓаните, животот на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Најавуваме целосна дигитализација на Општината за искоренување на корупцијата. Најскапиот документ не е оној што се плаќа, туку оној што се чека. Оној за кој не знаеш дали воопшто ќе го добиеш, велинСотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2025 година, граѓанинот, додава тој, не смее да стои во ред само за печат.
„Да бара врски, во шалтери, да се додворува да заврши работа.
Општината повеќе не смее да биде зграда во која влегуваш со нервоза, а излегуваш со даден поткуп.
Таа пракса, драги мои карпошани ќе заврши.
Од првиот ден на моето управување ќе го искоренам чекањето, провизиите и рушветот, преку целосна дигитализација на сите општински процеси.
Општината мора да стане услуга до која ќе стигнеш од еден телефон, во било кое време и од било кое место. Нема повеќе враќање на шалтер, нема повеќе не е ова наша работа.
Јас нема да барам граѓаните да доаѓаат кај мене, туку општината да оди кај нив преку технологијата.
Ќе воведам апликација, каква што има секоја нормална, европска општина преку која ќе можеш со два клика, со матичен број и адреса, да поднесеш барање, да добиеш број и во секое време да го следиш статусот на решавање“.
Тоа, како што појасни одамна постои во светот, но кај нас не се воведува од добро познати причини.
„Затоа што кога има ред нема простор за корупција.
Ќе воспоставам прозорец за брзи услуги преку кој граѓаните веднаш ќе ги добиваат своите документи без зависност од расположението, или волјата на шалтерскиот работник.
Процесот ќе биде автоматизиран и целосно транспарентен.
Мојата цел е едноставна, една апликација за сите општински услуги.
Но дигитализацијата не е само екран и апликации, таа мора да донесе внатрешна дисциплина и одговорност.
Ќе воведам следење на секое барање. Кој службеник го примил, кој го одработил и за колку време го обработил.
Секој што ќе ја заврши работата навреме, или пред дадениот рок ќе биде награден, а оној што ја кочи постапката ќе мора да биде санкциониран.
Граѓанинот и јас ќе добиваме аларм кога предметот стои предолго“.
Според него, нема повеќе скриена одговорност.
„Се ќе биде видливо, мерливо и транспарентно.
Така функционира реалниот сектор од каде доаѓам.
Така ќе функционира и општина Карпош.
За оние што немаат пристап до технологија, ќе воведам дигитални советници во општината. Обучени лица што ќе им помогнат на граѓаните да ги поднесат граѓаните. Никој нема да биде исклучен.
Мојата визија е Карпош да остане општина без изговори и без поткуп. Кога граѓанинот ќе може да реши проблем со два клика, тогаш ќе знаеме дека живееме во модерна општина, со чесна управа.
Македонија
Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за криумчарење цигари.
Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.
Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.
Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.
Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.
Македонија
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре нема да работат

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека на ден 11.10.2025 година ( сабота ), по повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.
Во понеделник, 13.10.2025 година, се продолжува со редовно работно време.