Свет
(Видео) Путин со цвеќе им оддаде почит на жртвите од опсадата на Ленинград
Во Санкт Петербург денеска се одржа воена парада по повод 75-годишнината од падот на нацистичката опсада во Втората светска војна, во овој град кој тогаш се викал Ленинград. Рускиот претседател Владимир Путин, положи цвеќе на споменикот на војниците кои загинале за време на опсадата.
Рускиот претседател денеска по овој повод е предвидено да учествува на уште неколку настани во Санкт Петербург и регионот на поранешен Ленинград, пренесе агенцијата „Тасс“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека 75-годишнината е многу важен датум за целата земја, за сите Руси и претседателот Путин лично, кој е роден и израснат во тој град.
Повеќе од 2.500 војници, припадници на безбедносните сили и 80 парчиња специјална воена опрема продефилираа на денешната свеченост во Санкт Петербург, која започна со едноминутно молчење за загинатите војници и граѓани во текот на тригодишната фашистичка опсада.
„Се поклонуваме во знак на сеќавање на оние кои не се вратија од војната и оние кои починаа од повреди и болести. Руската армија никогаш нема да го заборави подвигот на нашите дедовци и татковци“, рече командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник, Александар Журављев.
Опсадата на Ленинград започнала на 8 септември 1941 година и траела 872 дена, до 27 јануари 1944 година, кога била разбиена со подемот на советската операција „Искра“.
Ленинград е единствениот голем град во историјата кој успеал да одолее на опсада од скоро 900 дена.
Од три милиони жители пред војната, во градот кон крајот на опсадата останале околу 800.000. Според различни проценки, за време на опсадата животот го загубиле помеѓу 641.000 до 1 милион луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Гренланд би можел да се припои кон Русија ако Трамп не реагира брзо
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за припојување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не реагира брзо, пренесе Ројтерс.
Според Интерфакс, Медведев изјавил дека, според непроверени информации, за неколку дена би можел да се одржи ненадеен референдум на кој 55.000 жители на Гренланд би гласале за припојување кон Русија.
Во меѓувреме, Трамп повторно ја активираше иницијативата САД да преземат контрола врз Гренланд, автономна територија на Данска, наведувајќи дека островот е клучен за американската национална безбедност – потег што наиде на остро противење од Данска и властите на Гренланд.
Иако Русија формално не бара Гренланд, таа внимателно ја следи неговата стратешка улога во Арктикот, особено поради северноатлантските рути.
Фото: Depositphotos
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.

