Македонија
(Видео) Колариќ: 1,5 милион евра за загадувањето, а 4 милиони евра за 700 партиски војници
Додека цела влада и градот Скопје годишно издвојуваат 1.5 милион евра за борба против загадувањето на воздухот, а само градот Скопје ќе издвојува 4 милиони евра за вработување на 700 партиски војници. Значи 4 милиони евра од градската каса ќе се издвојат за плати на 700 партиски војници кои ќе се запослат во две градски претпријатија , а цела власт издвојува само 1.5 милиони евра против загадениот воздух во цела држава, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.
Според неа, кога станува збор за удопство и за партиско вработување Шилегов се покажа и дека не жали средства. А кога се разболуваат и умираат луѓе поради енормното загадување во државата се носат површни и паушални краткорочни мерки.
,Видлива изборна манипулација и вистински фалсификат е обидот да бидат вработени 700 партиски војници во изборна година. Овие пари наместо за корумпирање на гласови нека се насочат кон нови мерки против загадениот воздух.
Само по најмали врнежи од снег Скопје изгледа како Сибир, а улиците како да паѓало снег со години, и при најмал дожд се поплавуваат сите сообраќајници, а комуналната хигиена е на најниско можно ниво за кое што не памтат граѓаните на градот. Шилегов пред да дојде на власт кажуваше дека градската администрација и јавните претпријатија се преполни. Истото го кажува и во оваа година и пол.Ветуваше дека нема да има партиски вработувања. Но, за оваа една година и 4 месеци не запира со преполнување на администрацијата.
ВМРО ДПМНЕ, предлага парите предвидени за неефикасно и вештачко полнење на јавна администрација да се пренасочат веднаш кон нови мерки, мерки кои што загадувањето ќе се доведе до прифатливо ниво кое што нема да доведе до заболување и умирање кај луѓето. За сметка на ова ќе има и поздрави и посреќни деца во Градот Скопје.Доколку сака Шилегов може да го стори ова, затоа што и тој постојано вели ова е план и истиот не значи дека ќе се реализира.Го замолувам Петре Шилегов да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на оние кои го гласаа за градоначалник, во спротивно нека замине навреме”, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

