Забава
На Деп никој не смее да му пријде, доведе свои луѓе да му готват
Актерот Џони Деп (55) пристигна во Белград во саботата, каде што престојуваше во пентхаус на луксузен хотел, каде што има свој влез во комплексот, како и свој персонал, што го поведе со себе. Во Србија следниот месец тие ќе го снимаат филмот „Минамата“, а организаторите се потрудија да му обезбедат строго осигурување и да го заштитат од обожаватели и папараци.
Деп единствено побара да се сретне со режисерот Емир Кустурица (64).

„Состанокот ќе го организираме на сетот. Џони ќе снима 15 часа дневно и ќе се обидеме да го усогласиме тоа со обврските на режисерот, кој снима два нови филма. Актерот ја доведе својата послуга во Белград, која се грижи за него и го следи во чекор“, вели извор близок до познатиот актер.
Џек Спароу од хит-серијата „Пиратите од Карибите“ сака да го посети Белград, но без медиумска помпа. Деп веќе му беше гостин на Кустурица пред неколку години на меѓународниот филмски и музички фестивал „Кустендорф“ во Србија.

„Емир е мојот брат и инспирација за мене. Тој настојува да ја задржи вистинската уметност, како и Џим Џармуш, Тим Бартон. Поради таквите луѓе, сè уште сум во филмскиот свет“, изјави тогаш Деп.
Пентхаусот во Белград каде што престојува Деп има посебен приватен влез низ гаражата до самиот стан, кој е на две нивоа, огромна дневна соба со поглед на центарот, па дури и три бањи. Вработените во хотелот немаат никаков контакт со него ниту, пак, смеат да влезат во апартманот за време на неговиот престој во него. Неговиот персонал ќе му подготвува и носи храна.

„Условот за снимање филм во Србија беше дека деталите за доаѓањето на Деп и сите податоци за снимањето ќе се чуваат во строга тајност. Џони е голем професионалец и не сака ништо да го попречува во неговата работа. Сите потпишаа договор за строго чување информации, така што холивудската ѕвезда во Србија ќе биде заштитена како високите функционери“, – изјави извор близок до холивудската ѕвезда за српските медиуми.

Деп ќе престојува во Србија до почетокот на март, а потоа ќе оди во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

