Македонија
Градоначалникот на Куманово: Царовска направи пропуст за градинката
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката „Ангел Шајче“, од страна на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Тој пред новинарите изјави дека решението е неиздржано, тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровскиот избор на директор на детската градинка.
„Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика, Мила Царовска, којашто има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение, да го повлече и надлежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман. Ова го поткрепувам со фактот дека на трети јануари ненајавено од страна на надлежен инспектор од ресорното министертво беше направена посета во општина Куманово, без налог за вршење какви било контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење дека, доколку не отпочнам постапка, притоа преудицирајќи на изборот на директор, ова ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово“, рече градоначалникот.
Димитриевски подвлече дека праксата покажува оти во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапката за избор на директор, не се преземени никакви активности. Според тоа, како што рече Димитриевски, ова решение е тенденциозно и тој согласно со законот мора да го почитува, но апелира уште еднаш до Министерстото да го преиспита, укине и јавно да им се извини на општина Куманово и на нејзините граѓани.
„Јас како градоначалник сум должен да обезбедам правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци“, истакна Димитриевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

