Контакт

Економија

Тевдовски: Новиот закон за јавни набавки ќе обезбеди рационално трошење на државните пари

Објавено пред

Со 57 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, вчера Собранието го усвои новиот Закон за јавни набавки, кој ќе стапи во сила од април. Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, новиот закон е усогласен со законодавството на Европската Унија и ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки.

dobivaj vesti na viber

„Она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три пристапи: само цената, само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Независно од тоа кој пристап се користи, при евалуација на понудите секогаш треба да се вклучи економски елемент. Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратни негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена. Сведоци сме дека послаб квалитет или трошоци за поправки ја чинат државата многу повеќе“, рече Тевдовски.

Тој на вчерашната собраниска седница истакна дека претходниот закон се базирал на директивите за јавни набавки на Европската Унија од 2004 година, а во меѓувреме биле донесени многубројни измени и дополнувања, што го оддалечиле од европското законодавство. Од таа причина, како што рече министерот, била потребна темелна и сеопфатна промена во согласност со актуелните европски практики.

Тевдовски посочи и дека новиот закон содржи решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците што учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби што се однесуваат на вклучување социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно резервирани договори со цел поттикнување инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.

Со новиот закон, рече Тевдовски, се воведуваат и низа мерки што ги подобруваат условите за вклученост на малите и средните претпријатија во јавните набавки. Со поголема застапеност на малите и средните претпријатија во јавните набавки договорните органи ја прошируваат базата на потенцијални понудувачи и се зголемува конкуренцијата.

Со новиот закон за јавни набавки се поедноставуваат постапките за јавни набавки со пониска вредност преку воведување постапки за набавка, како набавка од мала вредност, електронски пазар за мали јавни набавки и поедноставена отворена постапка.
Новиот закон за јавни набавки превидува и низа антикорупциски правила и правила со кои ќе се спречи судирот на интереси при вршење на јавните набавки.

Економија

Од полноќ поскап дизел

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 16.12.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,841%, кај дизелот има зголемување за 1,628%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,794% и кај мазутот намалувањето е за 0,485%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5411%.

Од 24.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,823 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,058 ден/кг и сега ќе изнесува 45,823 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.12.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Уште два дена за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Објавено пред

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот за поднесување на истите истекува во среда на 25 декември 2024 година. До денес, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ 04 пријави, поднесени се само 1.831 пријава, што претставува само 24,75% од вкупниот број.

dobivaj vesti na viber

Остануваат уште 5.566 ДДВ- 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена.

Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ- 04 пријави е забележан во РД Тетово, додека најмалиот процент се забележува во РД Битола.

„Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави на време и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Уште денес, поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот“, велат од УЈП.

За дополнителни информации или поддршка, може да се обратите во Контакт центарот на:

Е-пошта: [email protected]
Телефонски броеви:
📞 Од фиксна линија: 0800 33 000
📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200

Прикажи повеќе...

Економија

Финтек-иднината пристигна: MINT Fintech Group со нова апликација и ребрендирање

Објавено пред

MINT Fintech Group, еден од лидерите во финтек секторот во Македонија, вчера во Офицерски дом во Битола, свечено го прослави својот 8-годишен јубилеј.

dobivaj vesti na viber

Настанот, кој обедини водечки личности од деловниот и светот на финансиите, беше посветен на ребрендирањето на компанијата и премиерата на нејзината револуционерна мобилна апликација.

Новата апликација на MINT Fintech Group, нуди интегрирано решение кое ги обединува најважните финансиски услуги, како што се плаќања, осигурување, програми за лојалност, туристички услуги и менувачки курсеви, сето тоа на едно место. Со својата едноставност и современ дизајн, апликацијата овозможува максимално корисничко искуство и транспарентност.

На настанот се обрати генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, кој ја истакна важноста на оваа нова фаза за компанијата:

„Со ова ребрендирање и лансирање на апликацијата, ние не само што воведуваме нова технологија, туку создаваме екосистем кој ќе ги редефинира финансиските услуги во Македонија. Нашата цел е да бидеме партнери на клиентите во секој аспект од нивните финансиски потреби, нудејќи им безбедност, удобност и брзина како никогаш досега.“

На свеченоста беа претставени клучните предности на апликацијата и персонализирани понуди за корисниците. Посетителите имаа можност да погледнат и изложба „Патот на парите, од праисторијата до денес” и да ги истражат временските епохи од првите монети до апликацијата.

За MINT Fintech Group

Основана пред осум години, MINT Fintech Group стана симбол на иновации во финансискиот сектор во земјата. Со тим од посветени професионалци и модерна технолошка платформа, компанијата продолжува да воведува нови стандарди на пазарот, поставувајќи ја основата за финансиските услуги на иднината.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Ова беше година на револуционерни реформи, не потклекнавме на обидите за политички притисок, рече претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на...

Македонија4 часа

(Видео) По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива...

Македонија5 часа

(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко...

Македонија5 часа

(Видео) Курто Дудуш ги повика скопјани Новата година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостиг на идеја“

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декември да дојдат на плоштадот во општината најавувајќи богата музичка програма....

Топ7 часа

Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“...

Економија8 часа

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV...

Македонија9 часа

ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите

Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите...

Македонија9 часа

СДС тоне според рејтингот, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е...

Македонија10 часа

„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија....

Македонија10 часа

Утрово, најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец,...

Европа11 часа

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство...

Регион11 часа

Ранетата учителка од „Пречко“ закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокира, ја разбесни и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад...

Регион12 часа

(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе

Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад...

Свет12 часа

Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати, објавени фотографии

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско. „Авион Цесна...

Свет12 часа

(Видео) Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката

Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а...

Македонија13 часа

Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега

Ако Артан Груби бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука...

Македонија1 ден

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на...

Свет1 ден

(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa. Несреќата се случила во градот Мугла,...

Свет1 ден

(Фото) Одреден притвор за мажот кој со автомобил влета на божиќен пазар во Германија, познати се нови детали за нападот

Мажот обвинет за убиство на четири жени и деветгодишно момче удрирајќи со автомобил во нив на божиќен пазар во германскиот...