Забава
Гордон Ремзи нападнат поради фотографија на месо
Еден од најпознатите светски готвачи, Гордон Ремзи, поголемиот дел од својата ТВ-кариера ја помина во лутина и нервоза нарекувајќи ги луѓето идиоти поради нивното незнаење во кујната. А веројатно е слично расположен и по објавувањето на фотографијата „стекот над стековите“ – шатобријан.
„Најчудесниот шатобријан…“, напиша Ремзи покрај фотографијата на месо за кое некои заклучиле дека е – сирово. Се разбира, веднаш го нападнаа на „Твитер“.
The most amazing chateaubriand… @mazegrill #mazegrill pic.twitter.com/0qFahGfsGR
— Gordon Ramsay (@GordonRamsay) January 28, 2019
„Ако повикате ветеринар, мислам дека ќе може да го врати во живот“, „Месото сè уште ти дише, испечи го“, „Тоа е сирово“, „Ако сè уште се гласа, тоа треба да биде уште неколку минути на оган“, коментираа некои.
— Moe ﮼محمد (@Moe_FCB) January 28, 2019
Оние што се разбираат нешто повеќе во месо застанаа во одбрана на популарниот готвач. „Ова јадење се подготвува на овој начин“, „Изгледа одлично“, пишуваа тие.
There are pretty good steak houses that serves beef without bernaise.
— Fikret Alp Işık (@fikretalpp) January 28, 2019
Инаку, ова јадење се подготвува токму така што месото останува розово и сочно внатре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

