Забава
Бекамови го покажаа својот дом вреден 31,5 милион фунти

Пензионираниот фудбалер Дејвид (43) и неговата сопруга, поранешната пејачка и модна дизајнерка Викторија Бекам (44), се големи љубители на социјалните мрежи благодарение на кои нивните обожаватели често имаат шанса да ја видат внатрешноста на нивниот дом во Лондон.
Иако поради работата со која се занимаваат живеат и во Лос Анџелес, тие секогаш со задоволство престојуваат на адресата во Лондон. Прекрасниот семеен дом на познатата брачна двојка вреди 31,5 милион фунти.
Во уредувањето на домот на Бекамови голема улога имаше самата Викторија, која на социјалните мрежи често го покажува нивниот раскошно уреден дом. Викторија се потруди домот во Лондон да не им биде премногу ладен со помош на посебни рустични детали, кои му даваат одредена топлина.
Тесниот ходник, поплочен во црно-бел мермер, води кон нивната луксузна трпезарија, во која доминира дрвото. Наместо столчиња во трпезаријата, познатото семејство седи на рустични клупи обложени со удобна ткаенина во бела и бежова боја.
Семејството особено сака да го поминува слободното време во кујната, а Дејвид неодамна се пофали на „Инстаграм“ дека знае и да готви. За своето шестчлено семејство тој со задоволство подготвува палачинки, кои сите ги обожаваат.
Луксузниот лондонски дом на Бекамови располага со пространа фитнес-сала, студио и винарска визба и убава градина која ја одржуваат десетици луѓе. Поранешната „спајсица“ постојано ги следи работите во нивната раскошна семејна вила.
Семејството Бекам не штеди на луксуз, така што за неодамнешната семејна празнична забава тие потрошија повеќе од 400.000 евра. Во градината имаа и спектакуларен огномет, подготвен само за нив, за кој платија 5.400 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Продукти што природно ги избелуваат забите

Блескава насмевка, која ќе ги воодушеви оние околу вас со снежно бели заби, е нешто по кое сите копнееме.
Според некои податоци, речиси секој втор човек не е задоволен од бојата на своите заби, без разлика дали се природно малку потемни или со жолтеникави нијанси или, пак, станале такви со возраста.
А оние заби што некогаш биле навистина убави природно бели, со возраста стануваат жолти, потемнуваат или развиваат дамки. Делумно ова се должи на абењето на емајлот, а дел од чадот од цигарите и од некои прдукти кои може да ги обојат забите.
Мени за избелување
Веројатно, секој барем еднаш во животот пробал паста за заби, гел, вода за уста, маска за заби или некој друг производ за избелување на заби од типот направи сам. Многумина, кои може да си го дозволат тоа, се подложуваат на третмани за избелување кај стоматолог. Но, малкумина знаат дека првиот чекор кон блескава насмевка се прави на маса, со избирање храна што влијае како природно средство за избелување.
Брокула и карфиол
Кога се јадат свежи како салата, нивната груба површина помага во чистењето на забите и непцата. Колку подолго ги џвакате, толку повеќе плунка се лачи, што го подобрува ефектот на избелување.
Јагоди
Нивната киселина помага во разградувањето на дамките на површината на глеѓта. За да го подобрите ефектот на избелување, можете да измешате пире од јагоди со малку сода бикарбона и да ја истриете добиената смеса со четка за заби околу една минута. Потоа исплакнете со млака вода.
Сирење и јогурт
Со стимулирање на лачењето плунка млечните производи имаат ефект на избелување сличен на оној на брокулата. Покрај тоа, млечната киселина помага во разградувањето на површинските дамки на глеѓта.
Семки и суво овошје
Благодарение на нивната абразивна конзистенција, тие дејствуваат како природен ексфолијант за заби отстранувајќи плак и дамки.
Ананас
Покрај намалувањето на воспалението, ензимот бромелаин присутен во ова овошје помага во уништувањето на протеините, кои, кога се таложат на глеѓта, ги прават забите жолтеникави.
Кромид
Сулфурните соединенија спречуваат формирање плак на забите, но и меѓу нив. Трикот е да го јадете свеж.
Целер и моркови
Високата содржина на вода ги зајакнува непцата и помага во отстранувањето на остатоците од храна, а крцкавата текстура дејтсвува како природен ексфолијант.
Јаболка
Со неутрализирање на бактериите што предизвикуваат плак и лош здив јаболката ги зајакнуваат непцата и ги отстрануваат сите дамки.
Продукти што треба да се избегнуваат
Секако, постојат продукти што го прават токму спротивното од она што го сакате, како што се чајот и кафето, црвеното вино, газираните пијалаци, соковите од темно овошје, капините и малините, оцетот балсамико и темните сосови, како соја-сос или доматен сос. Затоа не користете ги секој ден, а кога ќе го направите тоа, веднаш потоа измијте ги забите.
Забава
Дру Баримор повторно предизвика коментари поради однесувањето кон гостинка во нејзината емисија

Глумецата и водителка, Дру Баримор, неколку пати била мета на критики поради начинот на кој се однесува со гостите во нејзината емисија The Drew Barrymore Show. На социјалните мрежи често се коментира како непримерено ги држи познатите личности за рака или седи премногу блиску до нив.
Сега, гостинка ѝ беше славната глумица Кејт Бланшет, а Дру повторно со својот потег предизвика поделени реакции кај гледачите.
Бланшет зборуваше за својата љубов кон периките кои често ги носи во филмовите. Во еден момент стави кафена перика, а кога ја тргна, неколку прамени од нејзината вистинска коса останаа разџвакани. Дру веднаш реагираше – стана, нежно ѝ ја намести косата и со насмевка рече:
„Само сакам сè да биде совршено. Заслужуваш да изгледаш прекрасно.“
Кејт се пошегува и одговори: „О, фала ти, Дру ме погали.“
Тој момент може да се погледне во видеото на четвртата минута.
Оваа сцена не остави многумина рамнодушни.
„Сакам некој да ме гледа како што Дру ја гледа Кејт“,
„Само јас ли чувствувам некоја хемија овде?“,
„Како да влетав среде љубовна сцена“, се редеа коментари на интернет.
Но, имаше и такви што коментираа дека водителката повторно не ги почитува границите на гостите и дека претерува со физичкиот контакт.
„Ова не е соодветно“, напиша некој.
Да потсетиме, Дру еднаш откри зошто е толку блиска со своите гости: „Знаете ли колку ми беше тешко за време на пандемијата? Бев сама во студиото. Ги сакам луѓето“, рече таа, и додаде: „Ќе се обидам да практикувам физичка дистанца, иако тоа не ми е јаката страна.“
Кон крајот на 2023 година наиде на жестоки критики кога во емисијата ѝ гостуваше Опра Винфри. Во снимка споделена на социјалните мрежи, Дру цело време ја држеше Опра за рака. Во еден момент, Опра се придвижуваше на каучот додека зборуваше и изгледаше како да сака да ја тргне раката, но Дру ја држеше цврсто. Дополнително, со другата рака ја милуваше по раката.
Под видеото, но и на Интернет воопшто, се собраа многу коментари – многумина напишаа дека тој момент од емисијата бил прилично непријатен.
Забава
Моден детаљ што покажува дека сте самоуверени

Изгледот на вашите стапала никогаш не бил поважен, а додека сезоната на сандали е тука, совршено време е да го испробате овој моден додаток што познатите личности веќе го носат.
Заборавениот тренд се враќа со полна сила – ова лето вниманието се префрла на вашите стапала и тоа не само поради популарните мрежести балетанки, рибарски сандали или апостолки. На модната сцена се враќаат контроверзните, но неодоливи прстени за нозе.
Се чини дека овој детаљ, некогаш резервиран за естетиката на 90-тите, е подготвен за големо враќање.
Еден бренд, кој го препозна потенцијалот на овој тренд, е Луис Абел, кој го лансира својот сребрен спирален прстен „узу“ во јуни. Основачите Џими Ками и Хана МВ признаа за The Zoe Report дека немале голем план.
„Не беше голем планиран потег, туку повеќе беше љубопитност“, рекоа тие. Нивниот инстинкт се исплатеше – првата серија се распродаде за само неколку дена.
А зошто сега? Одговорот лежи во неисцрпната фасцинација со носталгијата. „Тие имаат чувство од 90-тите и мислам дека оттогаш останаа популарни во одредени кругови“, објаснуваат дизајнерите.
„Тоа е мал детаљ, но дава изјава на тивок, самоуверен начин“, додаваат тие.
@rihannaquiet luxury♬ original sound – Rihanna
Ријана носеше прекрасен прстен на ногата од XIV Karats вреден 600.000 долари на „Мет гала“ во 2023 година.
Кратко по неа, Карла Бруни беше видена и на Венецискиот филмски фестивал со разни стилови на прстени за ножните прсти.
Последниот во низата што го прифати овој тренд е музичарот Бед Бани. Кон средината на јули, тој го издаде синглот Alambre Púa, а промоцијата беше придружена со фотографија од неговите стапала украсени со дијамантски прстени.