Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Државата е на работ на должничко ропство

Македонската држава е урнисана. Oпштеството е поделено како никогаш досега, а македонските граѓани се понижени. Здравството е руинирано, а директна жртва се граѓаните што често цената за неспособноста на власта ја плаќаат и со своите животи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, аерозагадувањето урива рекорди, проблем за кој СДСМ во предизборието вети експресно решение. Образовниот систем е оставен на милост и немилост и нема ниту еден универзитет на Шангајската листа.
„Државата ни тоне во корупција, криминалните тендери и грантови станаа валута за исплата на партиските послушници на СДСМ, Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа според листата на ‘Транспаренси интернешнл’. Економијата е пред колапс, реализацијата на капиталните инвестиции минатата година изнесуваше катастрофални 65 проценти, а растот на економијата мизерни 2 процента, далеку од ветените 5. Власта секојдневно ги задолжува граѓаните, а ММФ посочува дека јавниот долг ја надминал границата од 50 проценти. Државата е на раб на должничко ропство.
Правната држава е укината, Рускоска обвинителството и Кацарска судството служат за политички прогон на неистомислениците на Заев, но и амнестија за криминалите на власта.
Одговорност за сево ова има криминалната и одродена власт на чело со аболираниот Зоран Заев. Најголема одговорност за црнилата во Македонија има еден човек, Зоран Заев. Црнилата се во лагите и манипулациите, во сите неостварени ветувања на власта, промената на името, идентитетот, јазикот и историјата. Црнилата се во неуставниот закон за двојазичност.
На граѓаните им е доста од црнилата на СДСМ, на граѓаните им е доста од транзициските политичари како аболираниот Заев. Избори мора да има, избори мора да има веднаш за да се стави крај на црнилата и да дојде зората“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Шабан Салиу: Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, во видео порака до граѓаните повика на промена на политиката во оваа скопска општина и на избор на патека што носи конкретни резултати за граѓаните.
„Верувам дека нашите деца во Шуто Оризари заслужуваат повеќе. Токму затоа треба да ја направиме промената,“ порачува Салиу во видеото, нагласувајќи дека крајно време е да се напушти логиката „партија за функција“ и да се избере „патеката која води до конкретни дела“.
Во видео-обраќањето, Салиу нагласува дека довербата на граѓаните ќе ја враќа со мерливи резултати и отчетност во секој чекор.
„Не ветувам чуда, ветувам работа што се гледа и одговорност што се чувствува. По 19-ти октомври ќе зборуваат делата“, порачува Салиу.
Тој порача и дека општината мора да се врати кај граѓаните.
„Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина,“ упатува порака до жителите на Шуто Оризари, претседателот на ДСР и кандидат за градоначалник, д-р Шабан Салиу.
Соопштенија
ЗНАМ: Најголемата депонија во Центар е неспособната локална власт на СДСМ

Најголемата депонија во Центар е неспособната локална власт на СДСМ, обвинија од Движењето ЗНАМ.
„СДСМ, како цела држава, така и во Центар е во тотален распад на идеи, резултати, но очигледно и на нерви. Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста“, велат од ЗНАМ.
Од таму велат дека тие не се против чистење – туку против незаконски акции, злоупотреби и предизборен маркетинг на сметка на граѓаните.
„СДСМ тврди дека проектот во Крњево се спроведува според „важечки ДУП“. Ајде да бидеме сериозни. Ако деталниот урбанистички план (ДУП) не е усогласен со актуелниот Генерален урбанистички план (ГУП), тој не може да се применува. Тоа јасно стои во член 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање. Во членот 2 стои дека градежно земјиште на кое не се формирани градежни парцели, што е ограничено со регулациони линии служи за општа употреба односно за изградба на јавните простори: улици, плоштади, инфраструктури, урбано зеленило и друго. Ако овој простор според оваа одредба во Законот, е предвиден за сообраќајница според ГУП-от, а не за урбано зеленило (уште помалку и со ДУП-от), како тоа Општина Центар реализира проект според важечки ДУП кој не е усогласен со ГУП на Градот Скопје? На тие што не им е јасно во членот 11 став 3 од Законот за урбанистичко планирање прецизно е наведено што содржи Генералниот урбанистички план, додека описот на Деталниот урбанистички план е даден во член 13 став 3 и 4 од истиот Закон“, велат од ЗНАМ.
Тие прашуваат како може општина Центар предводена од СДСМ да не ги почитува овие одредби од законот и на простор кој според ДУП и ГУП е предвиден за примарна сообраќајница булевар Крушевска република, да тврди дека има проект кој е предвиден според важечки ДУП за уредување на просторот со зеленило, урбана опрема и игралиште?
„Очигледно оние што со години го кршат законот, а денес се обидуваат да се претстават како реформатори. Нема јавна расправа, нема усогласеност со ГУП, нема транспарентност – има само лаги, паника пред избори и фото-акции за спас на рејтингот. Главна особина на владеењето на СДСМ е нивната неспособност. Господа од СДСМ, и сами да се тркате, ќе завршите на второ место. Ете, до толку сте неспособни. И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар. На 19 октомври, граѓаните ќе направат вистинско чистење – ќе го исчистат Центар од неспособноста на градоначалникот и локалната власт што мисли дека законот е нивна сопственост. На 19-ти октомври Центар ќе избере Градоначалник кој ќе работи од првиот до последен ден на мандатот, почитувајќи ги законите и јавниот интерес“, велат од ЗНАМ.
Соопштенија
Лабудовиќ: Училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради

Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар, порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ.
Лабудовиќ истакна дека неговата мисија е јасна – секоја училница, секој двор и секој агол во Центар да биде безбеден, топол и инспиративен простор за секое дете.
„Безбедноста на децата е нешто што не смее да се доведува во прашање. Затоа, училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради – за секое дете да пристигнува и да си заминува без страв и безгрижно,“ истакна Лабудовиќ.
Во неговиот план е предвидена темелна реконструкција на сите училишта и градинки – со нови фасади, енергетски ефикасни системи, топли училници и современи простори што ќе поттикнуваат љубов кон знаењето и развој на креативноста.
Таму каде што досега немало услови за спорт и игра, Лабудовиќ рече дека ќе се изградат нови спортски сали и детски игралишта, затоа што, како што рече Лабудовиќ, „здравото дете е среќно дете, а среќното дете е најубавата слика на еден град.“
Посебен дел од неговата програма е посветен на талентираните ученици – преку фонд за стипендии, натпревари и менторски програми, за секој талент да има можност да блесне и да расте овде, дома.
Во програмата е предвидено и дека Општината ќе обезбеди и инклузивно образование, со адаптирани училници и специјализирани програми за децата со посебни потреби, како и континуирана поддршка за нивните семејства.
„Центар мора да стане општина што го негува знаењето, ја штити детската радост и ја гради иднината со љубов и визија. Секое дете заслужува место каде што ќе учи со срце – и ќе расте со верба во себе,“ порача Лабудовиќ.