Забава
Спонзорка открива какви жени сакаат милијардерите

Шведската блогерка Ана Беј (32) ги советува жените како да фатат милијардер и да се вклопат во високото друштво, а нејзината неодамнешна јутјуб-лекција содржеше објаснување зошто богатите луѓе често паѓаат на девојки од соседството, односно жени што не се многу привлечни.
Ана, која дели совети под името JetSetBabe онлајн, врз основа на своето искуство тврди дека постојат неколку причини зошто богатите луѓе сакаат едноставни жени. Дека во нејзината теорија има вистина, зборува фактот што и самата е во врска со богат банкар. Нејзиниот совет е проследен од 29.000 следбеници на „Инстаграм“.
Најважните причини поради кои милионерите и милијардерите ги привлекуваат едноставни жени, според Ана, се несигурноста и потеклото на овие мажи.
„Тие се плашат дека сопругата ќе ги остави и ќе ги изневерува, па затоа бараат помалку атрактивна партнерка покрај која ќе бидат спокојни“, вели Ана.
Исто така, тие се и љубоморни, па избираат помалку привлечна жена, која другите луѓе нема да ја гледааат.
„На сите мажи убавината не им е приоритет, на некои им се поважни интелигенцијата, шармот, отвореноста и мудроста“, изјави Швеѓанката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.