Македонија
Димитров останува министер
Собранието доцна синоќа, по неколкучасовна дебата, му изгласа доверба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Димитров доби 59 гласа ‘за’, а против него гласаа 20 пратеници во Собранието.
Барањето за интерпелација беше поднесе од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која го обвини Димиторв за лошо вршење на должноста, како и поради потпишувањето на двата договора, едниот со Бугарија, а другиот со Грција, кој се однесува на промена на името на Македонија.
Димитров во својот говор пред пратениците во Собранието ги повика сите заедно да си здружат силите и да се фокусираат на она што е приоритет за државата.
Опозицијата на вчерашната дебата во Собранието обвини и дека во последните две години во Македонија имало само политички порази и дека се отвoра процес на самодржавна ликвидација.
Власта, пак, во одбрана на Димитров. Димитров прати порака дека е крај на ерата на поделбите и конфликтите, рече Фросина Ременски на собраниската седница. Таа додаде дека министерот за надворешни работи има визионерство и знаење да затвори еден децениски проблем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

