Забава
Моднот магазин „Вог“ добива дигитална верзија „Вог бизнис“

Во обид да пронајде нов извор на приходи, популарното модно списание „Вог“ ќе добие нова дигитална верзија, пишува „Фајненшл тајмс“.
„Вог бизнис“ ќе се занимава со теми што ќе им се допаднат на деловните луѓе во модната индустрија, како и на индустријата за убавина и козметика, и ќе имаат само онлајн-издание.
Новиот портал ќе ги покрива темите за промените на пазарот, културните движења, трендовите и технологиите што ќе влијаат на модната индустрија.
„Вог бизнис“ ќе почне како билтен, кој ќе излегува двапати неделно, а ќе го уредува Лорен Индвик, поранешна извршна уредничка на Fashionista.com. На проектот ќе работат 21 лице, од кои шест новинари. На почетокот новото издание на „Вог“ ќе биде бесплатно, но набргу читањето статии ќе се наплатува.
Всушност, како што велат аналитичарите, станува збор за сè попопуларниот тренд кај медиумите, односно за специјализација на нивните публикации. Така се привлекува помала, но побогата публика, наместо многубројни читатели и уште помногубројни огласувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.