Црна хроника
Уапсени двајца странски државјани на скопскиот аеродром, со себе имале фалсификувани пасоши
Двајца странски државјани во текот на вчерашниот ден биле уапсени на скопскиот аеродром бидејќи кај нив биле пронајдени неколку фалсификувани патни исправи.
„На 29 јануари во 18.25 часот на граничниот премин ‘Аеродром Скопје’ при пасошка контрола било констатирано дека патните исправи на лицата П.Б., на возраст од 34 години, и Е.Ф. на возраст од 35 години, двајцата од Шпанија, биле фалсификувани. При дополнителна контрола кај нив биле пронајдени и патни исправи на име О.Н., на возраст од 35 години, и O.Л., на возраст од 34 години, од Република Турција“, соопштија од полицијата.
Од МВР посочија дека лицата биле приведени и по 23 часот, тие веднаш биле предадени на полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи „Север“ за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Неготино, Злетово и Делчево: возеле пијани, а двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди
Вчера во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци. Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бандера, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,83 промили алкохол во крвта.
Вчера во 17:50 часот на крстосница помеѓу улицата „Македонија“ и улицата „Бошко Петров“ во село Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(28) од село Злетово, пробиштипско. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
Исто така вчера, во 15:50 на улицата „Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(37) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.

