Македонија
Oтстранета старата автобуска постојка кај „Мал одмор“
Eкипи на ЈСП „Скопје“ ја отстранија старата урбана опрема, автобуска постојка т.н. печурка, од стојалиштето „Мал одмор“ во Карпош спрема центар.
По целосно расчистување на теренот, од ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“ треба инфраструктурно и хортикулутурно да го уредат просторот по што на расчистената локација ќе се постави автобуска постојка, урбана опрема од новиот тип.
Денешното отстранување на старата автобуска постојка е почеток на активностите на ЈСП „Скопје“ за уредување на неколкуте автобуски постојки во тој реон со автобуски постојки од новиот тип, кои во изминатите години не биле модернизирани и покрај акцијата за поставуавње нова урбана опрема.
Генерално, сите постојки во реонот, кои се од застарениот тип, останале такви поради неможноста за нивно модернизирање поради околните привремени објекти за кои Општина Карпош и сопствениците привршуваат со регулирање на имотно-правните односи.
Во оној момент кога ќе се создадат инфраструктурни услови, ЈСП „Скопје“ ќе постави автобуски постојки, урбана опрема од новиот тип на сите постојки каде што е неопходно.
Со реализација на планираното автобуските постојки, конечно, ќе добијат достоен лик и инфраструктура, корисниците на јавниот превоз соодветно место за чекање на автобусите, а ЈСП „Скопје“ ќе го реши долгогодишниот проблем за кој реагираа корисниците на јавниот превоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

