Македонија
„Еурактив“: Грција до 8 февруари прва ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО
Грција, најверојатно, ќе биде првата земја што ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО, а тоа планира да го направи до 8 февруари, објави бриселскиот портал „Еурактив“ повикувајќи се на свои извори.
Портпаролот на НАТО претходно изјави дека датумот на потпишување на протоколот за пристапување на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО ќе биде одреден во наредните денови бидејќи Атина и Скопје го ратификуваа договорот со кој беше ставен крај на деценискиот спор меѓу двете земји.
Ова значи дека Северна Македонија може да стане членка на НАТО на самитот во јули под услов другите држави ги забрзаат процедурите за ратификацијата. Процесот на ратификација обично трае една година.
Според извори на „Еурактив“, официјалниот текст од протоколот за пристапување вчера бил усвоен и сега 29-те постојани членки на НАТО чекаат одобрување од своите земји за да го потпишат.
Кога ќе биде потпишан, текстот ќе биде испратен за ратификација до парламентите на земјите членки на НАТО.
„Грција сака да го ратификува протоколот до 8 февруари“, изјавил извор за „Еурактив“ додавајќи дека Атина веројатно ќе биде првата земја што ќе ги отвори вратите на НАТО за Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

