Свет
Најмалку петмина мртви поради поларните студови во САД
Најмалку пет лица загинаа поради бранот на многу студено време кој зафати неколку американски држави.
Најмалку 55 милиони луѓе во САД во наредните денови ќе се соочат со историски ниски температури, кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, а научниците студеното време го образложуваат со метеоролошкиот феномен наречен поларен вортекс.
Чикаго ќе биде поладен и од Антарктикот, пренесува Би-би-си, додавајќи дека вакви ниски температури се јавуваат еднаш во 25 години.
Поради екстремно ниските температури, во Чикаго денес настава нема да посетуваат 360.000 ученици.
„Њујорк тајмс“ пишува дека поларниот вортекс носи опасно ниски температури поради што училиштата и универзитетите ќе бидат затворени.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и во Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните при престој на отворено да не дишат длабоко и да не зборуваат многу.
Канцеларијата за метеоролошки работи на САД објави дека само 10 минути изложеност на таков студ може да доведе до сериозни смрзнатини.
Научниците објаснуваат дека ниските температури се резултат на зголемувањето на температурата во стратосферата над Северниот Пол на височина меѓу 20 и 30 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Германија: Полицијата пукала во 12-годишно девојче од Србија во домот на мајка ѝ која го загубила старателството
Девојчето (12), кое има српско државјанство и кое беше рането во Германија кога полицаец пукаше во неа, се наоѓа во тешка, но стабилна состојба. Девојчето беше застрелано ноќта меѓу неделата и понеделникот во градот Бохум, во станот на неговата мајка.
По девојчето, кое има и државјанство на Србија, претходно трагала полицијата откако исчезнало од дом во којшто било сместено бидејќи мајката му била лишена од старателството.
Бидејќи тоа не бил првпат девојчето да го напушти домот, полицијата се посомневала дека отишло кај мајката си во Бохум, па таму била испратена патрола. Полицијата пристигнала на адресата околу 00:30 часот и наводно повеќепати ѕвонела и тропала на врата на мајката, која е глува, исто како и нејзината ќерка.
По еден час обиди да ја алармираат мајката, довеле домар за да ја отвори вратата. Меѓутоа, мајката тогаш отклучила и полицајците го виделе девојчето како трча низ ходникот во правец кон собата.
Тогаш, според тврдењата на полицијата, девојчето зело ножеви и ги нападнало.
„Во понеделник, 17 ноември, 12-годишно девојче кое беше исчезнато ги нападна полициските службеници со два ножа, што резултираше со употреба на огнено оружје. Девојчето задоби тешки повреди и беше пренесено во болница. Полицијата од Есен, под надзор на јавниот обвинител од Бохум, ја презеде истрагата“, наведуваат од полицијата.
Германските медиуми претходно објавија дека застреланото девојче е глуво и дека е дијабетичар – зависно од инсулин. Полицијата не потврди дека боледува од дијабетес, но во соопштението истакна дека било зависно од лекови кои можеби не ги земало подолго време, и наведе дека претходно било пријавено нејзиното исчезнување.
„Девојчето последен пат било видено претходниот ден и било пријавено исчезнато. Нејзината мајка претходно го загубила старателството и правото да го одредува местото на престој на 12-годишното девојче, кое е болно и глуво“, истакнаа од полицијата.
Тие додадоа дека полицајците кои отишле до станот на мајката слушнале шум внатре, но никој не им ја отворил вратата.
„Пред да пристигне браварската екипа, мајката околу 01:30 часот ја отвори вратата на полицајците. Додека ја проверуваа ситуацијата и го пребаруваа станот, полицајците наидоа на 12-годишното девојче кое им се приближуваше со два ножа во рацете. Според првичните наоди, полицајците истовремено употребиле и електрошокер и огнено оружје за да се одбранат од потенцијален напад со нож. Полицајците укажале прва помош додека не пристигнале итната помош и лекарите. Итниот лекар го превезол девојчето во блиската болница, каде што моментално се наоѓа на интензивна нега. Истата ноќ, одделот за убиства на полицијата од Есен ја презеде истрагата под надзор на јавниот обвинител од Бохум“, наведоа од полицијата.
(stern.de)
Свет
Интензивни руски напади врз Костјантинивка: уништена инфраструктура
Копнените сили на Украина објавија фотографии кои ги прикажуваат последиците од разорувањата во Костјантинивка, во Донецката област, наведувајќи дека овој дел од фронтот е под сè поинтензивни напади од месец во месец. Во објавата се посочува дека градот од јуни 2025 година се соочува со закана од хуманитарна катастрофа, бидејќи руските удари уништуваат клучна инфраструктура и ги оставаат жителите без струја, гас и стабилно водоснабдување.
Според информациите објавени на Facebook, во градот останале околу 4.800 цивили и локалните власти истакнуваат дека евакуацијата е сè уште возможна, иако е крајно ризична.
„Изгорените автомобили на периферијата и долж главните патишта покажуваат колку се опасни и тешки евакуациските операции“, соопштила украинската копнена војска.
„Но, останокот во градот е уште поопасен. Непријателот непрекинато фрла наведувани авионски бомби врз станбени квартови, претворајќи ги во пекол на земјата“, се додава во описот.
Костјантиневка со месеци е под масовни напади, вклучително и од дронови, а според надзорната група DeepState, во ноември градот е опколен од руските сили од три страни, при што борбите се приближуваат кон урбаното подрачје.
Свет
Вооружени напаѓачи киднапираa 25 ученички од интернат во Нигерија
Наоружани напаѓачи однеле 25 ученички од интернат во раните утрински часови во сојузната држава Кеби, во северозападна Нигерија, потврдила полицијата. При нападот, кој се случил околу 4 часот изутрина по локално време, е убиено едно лице од персоналот, а друго е рането. Напаѓачите имале софистицирано оружје и размениле оган со чуварите пред да ги одведат девојчињата.
Полицијата известила дека надлежните тимови пребаруваат сомнителни бегалски патишта и околни шуми во потрага по киднапираните ученички и сторителите.
Овој инцидент е најнов во низата на киднапирања на деца од училишта во северниот регион на Нигерија, каде што вооружени групи целат кон деца повеќе од една деценија. Оваа година бројот на напади од различни вооружени групи дополнително се зголемил. Најпознатиот случај е од 2014 година, кога милитантната група Боко Харам киднапира 276 ученички од средно училиште во Чибок, а судбината на голем дел од нив сѐ уште не е позната.

