Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: МВР крие детали од јавноста за случајот во Шуто Оризари

Состојбата во МВР целосно е надвор од контрола, а доказ за тоа е инцидентот во Шуто Оризари. Од јавноста се кријат и премолчуваат детали за учесниците и нивните мотиви, со што се отвора сомнеж дека повторно пресудна во целиот случај ќе биде политиката, а не правото, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Смешните и паушални објаснувања на Оливер Спасовски се трагедија сами по себе. Прашањата што ја интересираат јавноста се следни: Дали напаѓачите врз полициските службеници биле исто така полициски службеници, но и лица поврзани со актуелниот градоначалник? Дали е точно дека меѓу приведените има полициски службеници од Шестата управа? Дали тие се легитимирале, односно дали службено постапувале или, како пак што милува Оливер Спасовски да каже, само приватно? Што барале таму нападнатите полициски службеници во возило без регистарски таблички? Дали е пронајдено нешто во тоа возилото? Зошто сите овие информации се кријат од јавноста и од жителите во Шуто Оризари? Зошто, наместо полицијата да се бори против криминалот, оружјето го насочува меѓу себе?“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето утре: променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До вторник времето ќе биде претежно стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица под влијание на влажна и посвежа воздушна маса ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура за неколку степени.
Македонија
Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање од народниот митинг одржан во општина Дојран, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Тој зборуваше за како што вели, полуформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица за претстојните локални избори, тоа е истата таа коалиција од претходната власт која не остави никаков печат, освен грабеж и опустошување на државата.
„На овие избори имаме две опции. Трета опција нема. Едната опција е една, полуформална, на моменти неформална, а по својата длабока суштина, многу формална коалиција, во која што членуваат политички партии кои што се здружиле поради две основни цели“, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека она што ја обединува желбата за власт кај оваа коалиција за претстојните локални избори е желбата за власт, по секоја цена, па дури и по цена на погазување на сопствените принципи, а како што вели тој, ја обединува и заедничката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.
„Првата е власта и желбата за власт. А, втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ и политичката партија Левица. Се осојузиле Венко, Али и Димче затоа што власта им е помила од се во животот, па дури и од сопствените принципи, но и патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ е толку силна што успеа да ги премости сите нивни разлики, и политички и лични, само за да се обединат и да се обидат на овие избори да направат некаков резултат. Тоа е првата опција“, истакна Мицкоски.
Како што вели Мицкоски, претходната власт, која коалицира повторно за овие локални избори, освен што ја опустоши и ограби државата, ја распродаде и потпишуваше секакви договори, не оставија никаков друг печат.
,,Втората опција е коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе ги анализирате овие две опции, тогаш ќе дојдете до неколку заклучоци. Првиот заклучок е дека, оваа прва опција, оваа коалиција помеѓу Венко, Али и Димче, покрај тоа што се обединиле со една цел, а тоа е власт. Тие практично со својата порака на овие избори, а тоа е, ,,Се бориме за нашиот дом“, јасно не потсетуваат дека имаа 7 години влада во Македонија, 7 години можност, да се борат за нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. А, освен тоа што направија голем пустош, ја ограбија практично Македонија, ги опљачкаа граѓаните во Македонија, ја распродадоа Македонија, потпишуваа секакви договори, друг спомен, друга меморија од тие 7 години буквално никој не може да се сети“, вели Мицкоски.
Мицкоски потсети и на говорот на еден од претходните претседатели на СДСМ од собраниската говорница, што посочува како СДСМ коалицира со Левица одамна, и ова нема да им биде прв пат. Според него, ова е коалиција што државата ја враќа назад во времето.
,,Ќе ве потсетам на она излагање на тогашниот претседател на СДСМ, и тогашен претседател на владата, Зоран Заев, во македонското Собрание, кога му се обраќаше на тогаш пратеникот и претседател на Левица, Димче Апасиев и кога му рече: „Нели се договоривме јас и ти пред изборите, јас да ти обезбедам ресурси, а ти да работиш против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, и ако освоиш пратеник, после изборите да коалицираме, и на тој начин да ја спасиме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?“. тоа го кажуваше тогашниот претседател на Владата, кон својот сокриен коалиционен партнер, Димче Апасиев, пратеник во македонското Собрание и претседател на политичката партија Левица“, кажа Мицкоски и додаде:
,,Затоа денес, било кој, ако има било каква дилема, дали оваа тројна оска функционира, не треба да има. Делата сами говорат, делата сами ни го оцртуваат патот по кој што тие би не воделе. Со еден збор, тоа е коалиција која што не враќа назад во времето. Времето на грабежот, времето на националните понижувања, времето на предавствата, времето кога граѓаните чувствуваа длабока болка, затоа што сите одеа напред, а ние не само што стагниравме, туку на моменти и се враќавме назад“.
Македонија
Гаши: Собранието треба да е катализатор на промените во домувањето и енергетската ефикасност

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со претставници на глобалната мрежа од САД „Habitat for Humanity International”, како и со претставници на „Хабитат Македонија”. Средбата се реализираше во рамки на одбележувањето на 20 годишнината од основањето и работата на Хабитат Македонија во нашата држава.
На средбата претседателот Гаши ја честиташе годишнината која се одбележува оваа недела и подвлече дека до сега нема институционална трага за соработка меѓу Собранието и Хабитат Македонија. Со оглед на важната мисија и активности кои Хабитат, но и стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД, Гаши укажа дека со институционализирање на соработката меѓу Собранието и Хабитат активностите ќе станат повидливи, а свесноста за важноста од социјалното домување, енергетската ефикасност и енергетската сиромаштија ќе се крене на повисоко ниво. Претседателот истакна дека пратениците, преку поднесените предлог – закони треба да се катализатор на унапредувањето на законските одредби за домување и енергетска ефикасност.
Националниот директор на „Хабитат Македонија”, Зоран Костов во своето обраќање се заблагодари што за прв пат претседател на Собранието организира средба со Хабитат и се согласи за потребата од продлабочување на Соработката. Во своето обраќање се фокусираше на Законот за домување кој по 13 години јавни дебати, конечно се усвои во мандат на овој парламентарен состав. Отвореноста на претседателот и Собранието за соработка со Хабитат ја оцени како особено значајна бидејќи претставува директна придобивка за граѓаните и квалитетни закони кои се предложени и гласини од директните претставници на граѓаните.
Учесниците на средбата се согласија дека секоја активност која се темели на благосостојбата на човекот мора да е приоритет за политичарите. Достоинствениот живот на граѓаните е универзално право за секоја индивидуа. Промената на фокусот наративот на политичарите за важноста на домувањето, неминовно ќе се рефлектира на целокупното законодавство во било која држава.