Контакт

Соопштенија

Стојановски: СДС ја врати општината Ѓорче Петров во 19 век

Објавено пред

За само година и половина СДС успеа да ја врати општината Ѓорче Петров во 19 век, изјави Бојан Стојановски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа година и половина наместо да го добиеме ветениот живот и ветените проекти добивме змијарници, кал, неасфалтирани улици и канцероген воздух. Владеењето на Кметот Наумоски го отсликуваат пеење по кафани, танчерки, покачување на сопствената плата и низа други скандали. Го повикуваме Наумоски наместо да размислува во која локална кафана да го помине утрешниот ден да започне да ги реализира ветените проекти за кои жителите на Ѓорче Петров го дадоа својот глас“, рече Стојановски.

Додаде дека Волково се уште чека изградба на градинка или адаптација на објектот на поштата во детска градинка во Волково, кружен тек сред село, изградба на помали спортски и детски игралишта, проширување, надградба на уште еден кат на културниот дом, реконструкција на сите раскопани улици и асфалтирање на неасфалтираните улици, реконструкција на тротоарите и изградба на нови на веќе постојните улици, реализација на канализационата мрежа, проширување на патот од Волково до Кучково, трасирање на ридскопланинска велосипедска моунтинбајк патека, модернизација и реконструкција на уличното осветлување.

„Го повикуваме Наумоски наместо да ја потценува меморијата на жителите на Волковчани да започне со реализација на ветените проекти. Воедно го замолуваме да престане да ги опструира проектите започнати од ВМРО – ДПМНЕ и да ги реализира 33-те улици и да ја доврши канализационата мрежа во Волково, проекти за кои се обезбедени средства уште во 2016 година, од тогашниот министер за транспорт Владо Мисајловски“, рече Стојановски во изјава за медиумите.

Соопштенија

Комерцијална банка прогласена за најдобра банка во Македонија за 2025 од магазинот Global Finance

Објавено пред

Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка гордо објавува дека е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.

dobivaj vesti na viber

Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.

„Признанието од Global Finance, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32-то издание на годишните награди на Global Finance.

„Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.

При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите од Магазинот Global Finance се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance, нѐ мотивираат и во иднина да го движиме банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носиме придобивките до секој клиент и до целото општество.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

PEUGEOT 3008 и OPEL GRANDLAND најпосакувани автомобили во Македонија за 2025 година

Објавено пред

Од компанијата Еуроимпекс, која годинава одбележува 35 години постоење, известуваат дека им претставува огромна чест што повторно модели од нивните автомобилски брендови се наградени со признанието „Златно Тркало“!

dobivaj vesti na viber

Имено оваа година, на шестото издание на оваа манифестација брендот Peugeot и брендот Opel, за кои компанијата Еуроимпекс е долгогодишен застапник, се здобија со две награди/признанија во две различни категории.

  • Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил
  • Новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил

И двата модели заслужено и очекувано ги добија овие признанија и беа препознаени од широката јавност како најпосакувани автомобили во своите категории за 2025 година.

Peugeot 3008 се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Porsche Macan, Nissan Qashqai, Renault Rafale и Lync & Co 01.

Opel Grandland се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Baic X55, Dacia Duster, Ford Kuga, Geely Starray, Lync & Co 01 и Haval Dargo.

„Им честитаме на сите победници и на организаторите на настанот. Сме кажале и претходно, ќе кажеме и повторно: вакви награди и признанија кои се наши – македонски, посебно ни се драги и ни претставува огромна чест да ги примиме. За нас се тие од огромна важност, меѓудругото и поради тоа што ние сме првата приватна македонска компанија во автомобилската индустрија. Таа емотивна нишка веќе 35 години нѐ поврзува со нашите национални – македонски признанија и особено ни значи препознатливоста кај македонската јавност. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење со Новиот Peugeot 3008 и Новиот Opel Grandland и да се запознаат одблиску со победниците од двата бренда“ – Изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Алкалоид“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

Објавено пред

Меморандумот се однесува на реализацијата на заеднички проекти за стручноапликативни и научноистражувачки работи, а во фокусот ќе биде имплементацијата на одржливи фармацевтски пакувања, која ќе се спроведува во неколку фази до 2030 година.

dobivaj vesti na viber

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски; Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, Проф. д-р Милка Здравковскa, и Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.

Покрај студиските програми, тековните програми за практикантство, како и соработката на специјалистички трудови и докторски дисертации, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Алкалоид“ ќе започнат проект за имплементација на одржливи пакувања за фармацевтските производи на компанијата, кој ќе се одвива во период од 5 години и ќе се спроведува во три фази.

Имено, станува збор за исполнување на сообразноста со новата регулатива на Европската Унија за одржливи пакувања [Packaging and Packaging Waste Regulation (EU) 2025/40 (PPWR)], која стапи во сила на 11 февруари годинава, а со која фармацевтските индустрии се обврзани до 2030 година за своите производи да имаат пакувања кои ќе бидат подготвени за рециклирање, а производите кои нема да имаат таква опција ќе бидат забранети за пласман на пазарите во ЕУ и пошироко. До 2035 година 55% од сите амбалажи во фармацевтската индустрија ќе треба да бидат рециклирачки, а до 2038 година пазарите на Унијата ќе дозволат пласирање само фармацевтски производи чии амбалажи имаат оценки за рециклирање А и Б.

Со оглед на фактот дека фармацевтската индустрија е една од најстрого регулираните индустрии во светот, вклучувањето на академската заедница е еден од неопходните предуслови за поефикасно и целесообразно имплементирање на овој обемен и комплексен проект. Носители на проектите опфатени со Меморандумот за соработка од страна на „Алкалоид“ се Одделот за глобален развој и Одделот за контрола на квалитет, а од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, покрај Ректорот и Деканката на Факултетот за медицински науки, вклучени се и Доцент д-р Ивана Митревска и Асистент Дино Карпичаров како надлежни за целокупната имплементација на активностите. Целта на проектот за одржливи пакувања на фармацевтските производи ќе биде да се минимизира негативното влијание врз животната средина и да се овозможи максимално искористување на ресурсите, што претставува една од главните цели на кружната економија и еден од клучните принципи на политиката за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), втемелена во корпоративната пракса на „Алкалоид“

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија6 часа

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...

Македонија8 часа

Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на...

Македонија9 часа

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија10 часа

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за „Пулс“ оти немало ново барање за лиценца

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата оти нема никаков доказ дека сопственикот на клубот „Пулс“ иницирал лиценца...

Македонија10 часа

Поранешни министри и директори меѓу новоосомничените за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

За четворица од новоосомничените за пожарот во Кочани Обвинителството бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана...

Македонија12 часа

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите...

Свет12 часа

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих...

Македонија13 часа

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци, 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнато повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70...

Македонија14 часа

Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници....

Свет14 часа

(Видео) Хамас објави видео од израелски заложник што го држи во Газа

Хамас објави видео во кое се тврди дека го прикажува израелско-американскиот заложник Едан Александар, кој е држен во Газа откако...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека...

Македонија1 ден

Во странство се лекуваат 48 повредени од кочанската дискотека, нема планирани исписи за викендов

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална...

Економија1 ден

(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе...

Македонија1 ден

(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска...

Македонија1 ден

Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион2 дена

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...